Home / Бизнис / Зошто луѓето со пониски оценки полесно успеваат во животот?

Зошто луѓето со пониски оценки полесно успеваат во животот?

Постои верување дека треба да завршите со почести, за да си најдете убава работа некој ден. За жал, реалноста е друга. Никој нема да ги гледа оценките во дипломата, особено не кога ве вработува.

popsdj25ckvzcr

Тогаш, зошто луѓето кои едвај завршуваат, успеваат во животот? Еве ги причините за тоа:

  • 1. Разбираат што сакаат порано од другите

Тие не си го губат времето со непотребни курсеви. На пример, ако сакате да сте техничар, нема потреба да пишувате илјади есеи како сте го поминале летниот одмор.

Светски иноватор и претприемач Стив Џобс нема завршено универзитет, но се издигна на врвот на IT индустријата. Во говорот пред абсолвентите од Универзитетот Стенфорд, тој кажа: “Единствениот начин да ја вршите одлично работата е да го сакате она што го правите. Ако го немате пронајдено сѐ уште, продолжете да барате! Не се помирувајте!”

  • 2. Добиваат искуство од прва рака

Повеќето “лоши” ученици почнуваат да работат порано од своите врсници. Така оценките им се намалуваат. Во исто време, добиваат непроценливо искуство, кое “одличните” го испуштаат. Сите знаеме дека е малку веројатно да ве вработи некој без никакво искуство.

  • 3. Стекнуваат познанства

Одличните ученици учат непотребни предмети, а оние со ниски оценки читаат многу корисна литература и комуницираат со многу луѓе секој ден. Во вистинскиот живот е важно да знаете влијателни луѓе и да умеете да комуницирате.

  • 4. Уживаат во животот

Студентите со пониски оценки одат на забави и понекогаш доаѓаат со мамурлак на предавања, но уживаат во животот. Така прават и во работата. Едноставно е: среќните луѓе се поуспешни. Шефот ќе избере забавен и активен човек кој ги развеселува другите, а не многу интелигентен, но стресен и негативен карактер.

  • 5. Наоѓаат наједноставни решенија

Бил Гејтс е исто така меѓу луѓето кои не можат да се пофалат со одлични оценки. Сепак се издига од облакот на непознати кога го гради Microsoft. Тој е многу отворен човек и никогаш не ја гледа дипломата или оценките. За него е важно нестандардното размислување. Тој вели: “Секогаш избирам мрзелив човек да ја заврши тешката работа, бидејќи ќе најде лесен начин да ја заврши!”

  • 6. Ги следат соништата

Голем дел од успехот се состои во тоа да правите нешто што сакате. Не е потребно да продолжувате да се занимавате со она што сте почнале на почетокот на студентските години или она што вашите родители сакале. Земете ја за пример најмладата милијардерка Елизабет Холмс, која направи револуција во медицината. Таа го напушти еден од најпрестижните универзитети, Стенфорд, за да ги следи своите соништа. Друг пример е сер Ричард Бренсон, кој го напушта училиштето на 15 години, а сега управува со огромната авиокомпанија Virgin.

  • 7. Знаат што значи да се избориш

За успехот се потребни емоционална интелигенција, упорност и страст. Најважно е да се научат да се надминат неуспесите. Не само во бизнисот, туку и во животот, ќе имате добри и лоши ситуации. Луѓето со ниски оценки знаат што е да се мачиш со испит или да собираш пари за сопствениот бизнис.

Оценките се само бројки. Вистински успех е да станете некој во животот.

Извор: Lifehack.org

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top