Home / Галерија / ГАЛЕРИЈА: Омаж на истакнатиот македонски писател за деца Киро Донев

ГАЛЕРИЈА: Омаж на истакнатиот македонски писател за деца Киро Донев

Во рамките на саемот на книга организиран од Македоника Литера, денес, 16 март 2017 година (четврток), во НУЦК „Антон Панов“, се одржа омаж на истакнатиот македонски писател за деца Киро Донев, а по повод два негови јубилеја: 75 години живот и 50 години творештво.

а1

Киро Донев (1942, Моноспитово, Струмичко) е автор на четириесетина книги за деца, пред сè прозни дела: романи, раскази, гатанки, повести, пиески и сликовници. Тој е еден од најпопуларните и најчитаните македонски автори за децата од помала возраст.

а4

За своето творештво е добитник и на неколку високи книжевни награди во Република Македонија. Неколку негови книги се објавени во повеќе изданија. Негови дела се преведени на десетина јазици. На омажот се обратија: Ѓорѓи Калајџиев, Сузана Мицева, д-р Ана Витанова Рингачева, писателот Горјан Петрески, сопственикот на издавачката куќа Македоника Литера, воедно и издавач на голем опус од творештвото на авторот Нове Цвеаноски, како и самиот автор-повод за денешната средба – Киро Донев.

Фото: Митко Иванов

Save

Save

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top