Home / online / Меѓусебната поддршка е клучна за успех

Меѓусебната поддршка е клучна за успех

Многу е убаво чувството кога знаете дека некој ве почитува, вие сте вреден во неговите очи, има убаво мислење за вас.

81645176

Зборовите кои го покажуваат тоа ве мотивираат, ви дават енергија, сила и секогаш праќаат порака дека на овој свет, во ова тешко време кога на многу луѓе им е тешко, се чувствуваат уморни, слаби, разочарани и безпомошни, сепак правите некакво позитивно влијание.

Убаво е кога сакате да помогнете да ја вратите заборавената насмевка, да ја избришете солзата што тече, да ја тргнете барем за кратко болната гримаса, грчот на лицето, на душата и дадете малку милост, да го стоплите скаменетото срце.

Кога на некого ке му кажете: „Тука сум јас за тебе, секогаш!“ Кога на некого кој е во тешка дилема за важна работа, кога треба да донесе некоја тешка одлука, му помогнете полесно да ја одбере правилната одлука за него, покажувајќи емпатија, да му помогнете за да не се осудува за донесената одлука и со помалку страв да се движи напред.
How-To-Support-An-Addict-After-Rehab2

Убаво е кога имате сенс за сите луѓе во вашето опкружување, кога имате душа и срце, кога постапувате онака како воспитуваат добрите родители, учители…

Во прилог неколку цитати од Конфучиј, кои ќе ја надополнат денешнава тема:

  • Човекот кој придвижува планина, почнува со носењето на мали камења.
  • Заборави ги повредувањата, никогаш не заборавај ја љубезноста.
  • Верноста и искреноста нека ти бидат најважни начела.
  • Не треба да те мачи кога другите пропуштаат да ги ценат твоите способности, туку кога ти пропушташ да ги цениш нивните.

Пишува: Д-р Љубинка Вета

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top