Home / online / Лично достоинство и емпатија со другиот

Лично достоинство и емпатија со другиот

За да бидеш горд на себе треба да си си го сочуваш достоинството, да си стоиш на дадениот збор, да не го издадеш блискиот пријател, да помагаш секогаш кога си во можност, да не бараш преку леб погача, да знаеш да почитуваш, да покажуваш благодарност…

bC62elWRvCSPj2g4ejvw_feature empathy

Егоизмот да го замениш со алтруизам, а искреноста да ти биде јака страна.

За да си горд на себе треба да чувствуваш љубов и разбирање кон луѓето во твојата околина, треба храбро да се носиш со сите предизвици, со сите искушенија и премрежја во животот. За да си горд на себе треба страдањето да го прифатиш како дел од животот на ист начин како што љубовта и среќата си ги прифатил за сопатници.

Биди горд секогаш, дури и кога некој покажува прст уперен кон тебе, за арно или лошо, делата зборуваат за секого, не треба сам да раскажуваш, да објаснуваш или да се браниш – да се трудиш во тој момент да покажеш кој си и каков си.

Моментот не ја определува твојата личност, туку делата кои си ги оставил позади себе. Никогаш немојте да му ја затворате устата на оној кој ви ги отвара очите, ќе зажалите кога и да е!

empathy

Големи и едноставни луѓе! Колку почитувам такви личности кои се во позиција да се недопирливи, а тие се најблиски до обичните луѓе. Таквите личности не си ставаат маска за да ги излажат другите, а со тоа и сами да се лажат, ами напротив се прикажуваат со сите свои човечки слаби и јаки страни. Секогаш се спремни да сочувствуваат и помогнат таму каде има потреба, да бидат вистински пријатели.

Кога нешто се прави природно, со задоволство и со љубов, се препознава и почитува од другите. Такви личности секогаш привлекуваат внимание и се пожелни во своето опкружување. Тие се луѓе кои веруваат силно во себе, уникатни се и веруваат во своите потенцијали.

Тие немаат потреба да се докажуваат и парадираат со своите квалитети, ниту имаат потреба да бидат надмени и да се над другите. Во нивно друштво секогаш се чувствувате пријатно, ви ги полнат батериите и реагирате позитивно. СПОСОБНОСТА ЗА РЕЗОНАНСА СО ДРУГИТЕ КАКО И ЕМПАТИЈА Е ГОЛЕМ ДАР НА ТОЈ ШТО ЈА ПОСЕДУВА!

Пишува: Д-р Љубинка Вета

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top