Home / Активизам / ТРИБИНА: Економска демократија – Струмица

ТРИБИНА: Економска демократија – Струмица

Трибината ќе се одржи во петок, 31.03.2017, од 17 часот, во просториите на Домот на АРМ (стара сала на Советот на општина Струмица).

17458430_1825349180824244_7919728531287356034_n

Како дел од трибините низ Македонија на тема економска демократија, овој петок ЛД „Солидарност“ е во посета на Струмица.

На шестата трибина, насловена „Економска демократија: странски инвестиции, работнички права и кооперативи“ ќе дискутираме околу следните прашања: Колку пари потрошила државата за странските инвестиции? Што оствариле овие фирми? Дали се почитуваат работничките права во нив? Исто така ќе дискутираме и за кооперативите како алтернативен модел на економско организирање во Македонија.

Говорници на трибината ќе бидат Соња Стојадиновиќ и Јордан Шишовски од ЛД „Солидарност“ и Бранимир Јовановиќ од Институтот за општествени и хуманистички науки. Домаќинка на настанот ќе биде Олимпија Христова Заевска од Централноевропскиот универзитет и Импакт – Институт за истражување.

Save

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top