Home / Историја / По стапките на мафијата – специјализирана тура ја скандализира Сицилија

По стапките на мафијата – специјализирана тура ја скандализира Сицилија

Туристичка агенција во Сицилија одлучи да предложи на пазарот “мафијашка тура” и предизвика бран од бес и неочекуваност во Италија. Иницијативата наиде на моќен отпор од локалните власти и роднини на жртвите на организираниот криминал, раскажува thelocal.it.

Градчето Корлеоне е една од точките на маршрутата.

Градчето Корлеоне е една од точките на маршрутата.

Туроператор нуди полудневна или целодневна обиколка на музејот на мафијата и значајните места поврзани со нејзините шефови.

Марија Фалконе, сестра на убиениот судија Џовани Фалконе во 1992 година од страна на мафијата, го осуди настојувањето за оваа тура како навреда за роднините на жртвите и шамар за луѓето кои секојдневно се борат против организираниот криминал. Градоначалникот на Трапани, каде е канцеларијата на туристичката агенција, инсистираше сајтот да биде блокиран. „Тоа е лудост и навреда за градот“, рече тој.

Менаџерот на компанијата Џани Грило, вклучил во турите посета на гратчето Корлеоне, кое стана светски познато по филмот “Кум”, и објаснува дека целта му е когнитивна и културна и во суштина насочена против мафијата.

„Екскурзијата создава подобра информираност кај туристите за влијанието на криминалната Коза Ностра врз сицилијанското општество и поразите кои му се нанесени“, коментира тој. “Мафијата убива, тишината – исто”, е цитат на италијанскиот новинар Пепино Импастато, убиен во 1978 година на 30-годишна возраст, на кој организаторите на турите исто така се повикуваат. Туристичката програма вклучува посета на домовите на Тото Риина – “Капо ди Тути Капи”, и Бернардо Провенцано, наречен “Трактор” поради начинот на кој ги уништувал и рушел домовите на своите жртви.

Љубопитните можат да го посетат и Кастелвестрано – родното место на сегашниот шеф на сицилијанската мафија Матео Месина Денаро – Ѓаволот, кој е во илегала од 1993 година.

И во Корлеоне, како и во другите градови, влијанието на организираните криминални групи се уште се чувствува. Во ноември 2016 година, градскиот совет беше распуштен поради сомневањата дека мафијата е инфилтрира таму. Корлеоне се најде во насловите на весниците откако синот на мафијашки бос беше поканет за кум во црковна церемонија, а јавноста го повика бискупот да ја поништи.

Минатата година ЕУ му забрани на шпански ресторан да се вика “Мафија”, да го користи тоа име, бидејќи е во спротивност на моралот. Италијанското здружение на граѓани Coldiretti со години води кампања против употребата на зборот “мафија” во имиња на производи и брендови, најчесто против ресторани во странство. Според нив, ЕУ треба да престане со комерцијалната употреба на овој термин кој експлоатира стереотипи за мафијашките организации и на тој начин го омаловажува страдањата на тие кои загинале и на нивните најблиски.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top