Home / Архитектура / Облакодерот со U-облик во Њујорк може да стане највисоката зграда во светот

Облакодерот со U-облик во Њујорк може да стане највисоката зграда во светот

Архитектонската компанија OIIO Studio планира да го сруши стереотипот на стандардните урбани згради и да изгради облакодер, кој ќе биде со … U-формата.

а1

Освен нестандардните заоблени ѕидови, зградата ќе се разликува од сите други и по друг показател – таа ќе биде највисока во светот, а нејзината должина од крај до крај ќе биде околу 1220 метри, што е за околу 400 метри повеќе од актуелниот лидер во оваа рангирање “Бурџ Калифа”, соопштува британското издание “Телеграф”.

а2

The Big Bend (“Биг Бенд”) треба да биде изграден во Њујорк. При неговиот вид секој би си го поставил едното единствено прашање – како лифтот ќе се движи до највисоката точка на облакодер, каде и какво ќе биде закривувањето?

Архитектите предвиделе тој да може да се движи низ разните кривини, како хоризонтално така и вертикално. Најверојатно лифтот ќе биде поставен по должината на стаклената облога на зградата.

а3

“Биг Бенд” треба да се наоѓа на влезот на “Централ Парк” и ќе има идеална видливост на “белите дробови” на Њујорк. Улицата, каде што ќе биде изграден е нарекувана “Редица на милијардерите”, бидејќи таму се наоѓаат едни од најлуксузните облакодери во градот.

а4

Дизајнот на кој се залага OIIO Studio е базиран на зголемената манија во “Менхетн” да се купат или закупат домови на високи катови. За целта архитектите ќе се заложат на “должината, а не на височина”. Така ќе има две згради како близнаци, а тоа од своја страна значи уште повеќе станбена површина. Освен тоа, во реонот на Менхетен има ограничување за висината на зградите и U-облик на облакодер овозможува тој да се вклопи во него.

Внатрешноста на "Биг Бенд" исто така е импресивна.

Внатрешноста на “Биг Бенд” исто така е импресивна.

Амбициозниот проект сѐ уште не располага со дозвола за градба. Може и никогаш да не ја добие, бидејќи пред него бил предложен друг нестандарден облакодер – New Horizon ( “Нов Хоризонт”). Тој ја доби наградата за дизајн за толку висока зграда во 2016 година, но изградбата исто така сѐ уште не е започната.

“Нов Хоризонт” треба да е висок 304 метри и да е широк околу 30 метри. Идејата е тој да го гледа “Централ парк” по целата негова должина, која е малку повеќе од 11 километри. Ако биде изградена, зградата ќе нуди 80 пати поголема изградена станбена површина во споредба со “Емпајр Стејт Билдинг”.

Така би требало да изгледа "Централ Парк", ако биде изграден облакодерот "Нов Хоризонт".

Така би требало да изгледа “Централ Парк”, ако биде изграден облакодерот “Нов Хоризонт”.

Излегува всушност дека U-обликот на “Биг Бенд” веќе е применет во Кина. Во 2013 година таму е отворен хотел чиј дизајн наликува на коњска потковица. Зградата располага со 27 ката и е на брегот на езерото Таиху.

а7

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top