Home / Активизам / Статуата на „Бестрашно девојче“ останува на Волстрит

Статуата на „Бестрашно девојче“ останува на Волстрит

Импресивната статуа на одлучно девојче кое стои исправено пред бикот на Волстрит во Њујорк, поставена на 8-ми март во кампања за истакнување на моќта на жените во бизнисот, ќе остане на местото барем до март 2018 година, пренесуваат светските медиуми.

gettyimages-649561548_0

Статуата доби глобална популарност во последните неколку недели. Илјадници туристи во градот се фотографираа со неа. Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио изјави дека бестрашната девојка (Fearless girl) ќе остане на местото и соодветните општински агенции ја поддржале идејата за тоа.

Бронзената статуа со висина од 1.21 метри требаше да биде поместена или отстранета во неделата. Таа потсетува дека се потребни напори во борбата за зголемување на родовата еднаквост и разликите во платите помеѓу жените и мажите во корпоративниот свет. Градоначалникот на Њујорк посочи дека статуата ги освоила срцата на луѓето во градот и девојката во неа кое “застанува против стравот, против власта, статуата е за тоа да можеш да најдеш во себе сила да го направиш она што е правилно”.

“Таа инспирира во моменти кога сите имаме потреба од инспирација”, рече тој.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top