Home / Инфо / Граѓански буџет на Општина Струмица за 2017 година

Граѓански буџет на Општина Струмица за 2017 година

Здружението за локална демократија Центар на заедницата на општина Струмица – Струмица во соработка со Општина Струмица, од почетокот на 2017 г. започна со процес на изработка на Граѓански буџет на Општина Струмица за 2017 година.

unnamed

(клик за пристап до целата информација)

Со Граѓанскиот буџет е претставен Буџетот на Општина Струмица за 2017 година, со што ќе се зголеми свесноста на Општина Струмица за нејзината обврска за транспарентно презентирање на информациите поврзани со Буџетот и информирање на граѓаните на прилагоден, едноставен и достапен начин, со што Буџетот на Општината ќе се приближи до граѓаните, чии пари влегуваат во самиот Буџет.

Document-page-002

Со издавањето на Граѓанскиот буџет ќе се зголеми фискалната транспарентност и ќе се зголеми фискалната дисциплина, а со тоа ќе се постигне и отчетност на Општина Струмица. Од друга страна, со Граѓанскиот буџет граѓаните ќе се информираат за тоа кои се приоритетите на Општината за кои ќе се трошат нивните пари, а тоа ќе придонесе и до зголемување на нивната партиципација во процесите на креирањето на најбитните локални одлуки, вклучувајќи го и процесот на носење на Буџетот на Општината, како еден од најзначајните документи за функционирање на Општината.

Document-page-001

Активноста е финансирана од Фондација Отворено општество – Македонија.

Граѓанскиот буџет може да го подигнете во канцеларијата на Центарот на заедницата на општина Струмица во Дом на АРМ (приземје), ул. „Благој Мучето“ бр. 37, 2400 Струмица.

Save

Save

Save

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top