Home / Активизам / Хуманитарен хепенинг по повод одбележување на празникот Лазарова сабота

Хуманитарен хепенинг по повод одбележување на празникот Лазарова сабота

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост ПОРАКА – Струмица (ЦПЛИП ПОРАКА – Струмица) ве кани на хуманитарен хепенинг по повод одбележување на христијанскиот празник Лазарова сабота и претстојните велигденски празници, кој ќе се одржи на 08.04.2017 г. (сабота) со почеток во 11:00 часот во малиот парк на булеварот „Маршал Тито“, Струмица (спроти трговскиот центар „Глобал“, а во непосредна близина на пекара „Карпош“).

lazarki

На хепенингот ќе бидат претставени ракотворби, украси, керамички вазни со велигденски мотиви, велигденски јајца, кошнички за велигденски јајца и други креации со велигденски мотиви, изработени од децата и младинците со интелектуална попреченост – членови на ЦПЛИП ПОРАКА – Струмица. На хепенингот, исто така, членовите на ЦПЛИП ПОРАКА – Струмица ќе бојадисуваат велигденски јајца.

Присутните гости на хепенингот, за симболична сума, ќе можат да ги купуваат ракотворбите и украсите, а парите собрани од продажбата на креациите ќе бидат искористени за опремување на Социјалниот Клуб на ЦПЛИП ПОРАКА – Струмица со потребните дидактички материјали за работа.

Овој настан, како и серијата претходни креативни работилници, се дел од Годишната програма за работа на ЦПЛИП ПОРАКА – Струмица за 2017 година.

* Лазарова сабота или Лазарици или Лазаровден — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден. На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците. Во Македонија овој празник има големо значење и масовно се прославува низ целата земја. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазарски песни. Има повеќе лазарски песни и се користат според личниот, семејниот или општествениот статус на лицето за кое е наменета песната. Песните обично се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок.

Save

Save

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top