Home / Интернет / Eдин интересен начин по кој интернет ни го менува мислењето

Eдин интересен начин по кој интернет ни го менува мислењето

Луѓето кои имаат пристап до интернет, се помалку подготвени да се потпираат на сопствените знаења, воспоставува ново истражување. Причината може да се крие во тоа дека луѓето повеќе се плашат да згрешат кога одговорот е на една рака растојание. Или, самата можност да провериш онлајн содржи елемент на задоволство, укажуваат авторите.

shutterstock_204633061

Според зборовите на проф. Eван Ф. Риско, раководител на истражувањето:

“Со сеприсутното присуство на интернет ние сме речиси постојано поврзани со огромни количини на информации. И кога оваа информација е под рака, луѓето изгледаат помалку склони да се потпираат на сопствените знаења.”

За целите на истражувањето 100 луѓе одговараат на прашања од општа култура, како на пример да именуваат кој е главниот град на Франција.

Половина учесници имаат пристап до интернет, другата половина – не.

Оние кои имаат пристап до интернет, имаат право да го проверат одговорот, ако не го знаат.

Резултатите покажуваат дека луѓето со пристап до интернет е поверојатно да кажат дека не знаат.

“Нашите резултати покажуваат дека пристапот до интернет влијае врз тоа како одлучуваме дали знаеме нешто или не – вели проф. Риско. Се надеваме дека ова истражување придонесува за нашето растечко разбирање за тоа како најлесниот пристап до огромни количини на информации може да влијае на нашето размислување и однесување.”

Луѓето кои имале пристап до интернет, понекогаш се изјасниле дека чувствуваат како да знаат помалку од оние кои немаат пристап до интернет.

Дел од причината да се оставаме целосно на интернет, најверојатно се крие во начинот на кој се менува перцепцијата за нашите сопствени знаења.

Едно претходно истражување утврди дека пристапот до интернет ни дава илузија на знаење, дури и кога пребарувањето е сосема безвредно.

Луѓето во ова истражување лесно ги мешаат сопственото знаење со работите кои всушност се проверуваат на интернет.

Изгледа само мислата дека имаш пристап до интернет е доволна за да прераснеш од незнајко до сезнајко.

Но кога сме лишени од пристап, сме повеќе несигурни за работите кои мислиме дека ги знаеме.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top