Home / Видео / Овој филм им објаснува на гледачите како се чувствуваат децата со аутизам

Овој филм им објаснува на гледачите како се чувствуваат децата со аутизам

Националната асоцијација на аутистите во Велика Британија го претстави овој нов, добро изработен филм, со кој се стреми да ги објасни на јавноста чувствата на девојка со аутизам и начинот на кој таа го перцепира светот.

1aa_532

Девојката се бори со премногу детали и информации кои ги добива од надворешниот свет, и е чувствителна на звуци.

Здружението има работено со Креативната агенција “Do not Panic” од Велика Британија, позната по многу други нејзини успешни социјални кампањи (PSA).

Во филмот учествува Холи – девојче на 12-годишна возраст, што е аутист во реалниот живот. Нејзиниот сон е да стане актерка. Со учеството успева да покаже уметнички вештини. Режисер е Томас Манковски, посочува creativity-online.com. “Беше добра” – вели тој за Холи – “штом камерата започна да работи, таа влезе во улогата веднаш”, продолжува тој. Користен е и дублер – друга девојка за одредени сцени со слики само на телото, за да се избегне непотребно трауматизирање на Холи.

Визуелните методи во режијата се обидуваат што е можно подобро да се рекреира светот низ нејзините очи (и уши). Повикот кон сите нас гледачите е да се информираме и да знаеме какви луѓе се аутистите, како тие го доживуваат светот, за да се однесуваме адекватно во нивно присуство.

Save

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top