Home / online / Односите со другите и промената се индивидуални одлуки

Односите со другите и промената се индивидуални одлуки

Секогаш важело правилото – ако сам се почитуваш и другите ќе те почитуваат. Вистина е така, но јас ги почитувам сите луѓе подеднакво, и тие што самите си придаваат значење, но и оние другите, скромните.

isnp

Кога забележувам дека некои помалку ги почитуваат другите, си го менувам мислењето, па таквите ја губат мојата почит. Значи, не секогаш ми е важен односот на поединецот кон самиот себе, туку и неговиот однос кон мене и другите. Ако некој не верува доволно во себе, тоа нема да има влијание на мојата верба во него. Причина за тоа е мојата проценка за неговата личност, па туѓата проценка не ми е е важна.

„Тој што никогаш не научил да почитува не може да биде добар заповедник“. – Аристотел

AAEAAQAAAAAAAAKhAAAAJDA0MWI0OWIwLTE2MmItNDA5Mi1iNTcxLWQ4MTVmNDg3OGI1YQ

Многу луѓе се склони да веруваат на другите, без да размислуваат и тоа го прават по инерција.

Секогаш треба сам да носиш заклучоци и одлуки, а не затоа што некој ти кажал како треба, или пак зошто другите го прават тоа по тој начин. Можеш да се консултираш за многу работи, но одлуките се личен и индивидуален чин.

„Вие сте онакви какви што сте, затоа што такви сакате да бидете. Ако сакате да се промените, веќе ќе бевте почнати со преобразба.“ – Фред Смит

За почит се луѓето кои се свои, сами размислуваат и донесуваат свои заклучоци и одлуки, кои се двигатели, коректори!

„Ако нешто не ви се допаѓа, променете го. Ако не можете да го промените, поставете се вие поинаку. Само не се жалете.“ – Маја Ангелоу

Пишува: Д-р Љубинка Вета

Save

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top