Home / Живот / Петте основни елементи на среќата

Петте основни елементи на среќата

Постојат одредени начини на размислување, перспективи, фундаментални верувања и активности кои го стимулираат човекот да се чувствува среќен. Тие се вткаени во неговиот карактер – водечки фактор во сè што ни се случило и претстои. Блогерот Марк ги дефинира како потребни состојки кои создаваат чувство на среќа. Кој ги има, чувствува радоста на животот, чувствата се живи.

home-slider-slide-3

Овие волшебни елементи се:

1. Храброст. Стравот е најголемиот крадец на човечката среќа. Марк Твен рекол дека храброста не е недостатокот на страв, а отпорноста на стравот, неговото надминување. Храброста ни предизвикува да излеземе од зоната на удобност, да го прегрнеме животот и да ја избегнеме болката која е неизбежна во сите животни промени и предизвици. Без него среќата е малку повеќе од илузија.

2. Трпение. Колку среќни се според вас нетрпеливите луѓе? Нетрпението е друга моќна сенка која надвиснува над среќата. Причината е дека поради нетрпението човек чувствува постојана загриженост. Нема како човекот да почувствува радост ако не прифати дека никогаш нема да контролира 100% од животот. И дека настаните се непредвидливи.

Happinessa

3. Благодарност. Да бидеш благодарен значи да го гледаш доброто пред лошото. Оваа вештина се развива, кога умот се тренира да гледа и да се радува на “сребрените” нешта во животот. Таа перспектива е високо дело, начин на размислување, поврзан со душата и целокупната перцепција за случувањата на човекот.

4. Љубов. Таа победува сè. Таа е најголемо чувство. За да се убедите во централното место кое љубовта го зазема во вашиот живот, само замислете си ги годините доживеани досега, без да сте сакале. Кој би претставил среќен живот исполнет само со рамнодушност или омраза?

5. Прошка. “Да простиш е највисока, најубава форма на љубов. За возврат добиваш неискажлив мир и среќа”, рекол Роберт Мулер. Нема многу други работи кои влијаат поволно на создавањето на чувство на среќа во човекот како да простиш спонтано, брзо и слободно.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top