Home / Здравје / Како да го збогатиме речникот на детето

Како да го збогатиме речникот на детето

Уште од 6-тиот месец детето ги изговара првите слогови, постепено ги претвора во зборови и се обидува да изразува емоции, чувства и на рамноправен начин “да се вклучува” во разговорите на возрасните и да комуницира со светот.

02istock_84669247_medium

Родителите можат да му помогнат во процесот. Еве 10 совети кои ќе ве ориентираат кон пристапот. Лекциите ги нуди сајтот mamainfo.com.ua.

Лекции:

1. Детето треба да го слуша гласот на родителите уште од првиот ден на својот живот и да го чувствува контактот. И, иако ништо не разбира, зборувајте му.

2. Запознавајте го детето со секој предмет кој е околу него, и посочете му како го нарекувате.

3. Со интерактивна, закачлива интонација објаснете му што правите во моментов. Со тоа не само што ќе ги следи активностите, но ќе ги слуша објаснувањата кои му ги давате на глас.

4. Развивајте ги суптилните вештини на прстите на рацете. Тоа го стимулира говорот. Детето нека допира меки и влакнести играчки, да се обидува да откине коса, да фати мало ливче од земјата и да го скине, да наниже гривнички на конструктор, да подреди коцки …

Помагаат и активности со песок, пластелин, како и цртањето. Оставете го да се занимава, со тоа што ќе му посочувате постојано.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top