Home / Живот / Митови за човечкото тело, во кои, којзнае зошто, продолжуваме да веруваме

Митови за човечкото тело, во кои, којзнае зошто, продолжуваме да веруваме

Науката и технологијата направија огромен чекор напред во изминатата деценија. А митовите, вклучувајќи ги и оние за човечкото тело, продолжуваат да не збунуваат. На што се базираат и што се крие зад нив е сосема лесно да научи секој во денешно време. Но никој не го прави тоа. Ќе се обидеме да разјаснеме барем дел од нив.

shutterstock_129043178_1

  • “Плочки” се прават само со вежбање

Звучи неверојатно, но “плочки” на стомакот има апсолутно секој. Тоа е природна состојба на дел од стомачната мускулатура. Друго прашање е дека “плочките” не се видливи кај секој. Но, тоа се должи главно на одредено количество на масти во организмот, а не на недостатокот на напорни тренинзи. Колку помал е процентот на масти во телото, толку забележливи се плочките. Со други зборови, исхраната, насочена кон намалување на овој процент би ја завршила истата работа како и вежбањето фитнес.

  • Две глави мислат подобро од една

Можеби, во некои односи овој мит има некакво право на живот, но не и во креативните сфери. Луѓето кои обединуваат интелектуална мисла за креативна работа, ја губат способност да размислуваат оригинално, бидејќи потсвесно се обидуваат да се приспособат на логиката на мнозинството. А тоа го убива секој креативен почеток.

  • Редовното бричење ја прави брадата / косата погуста

Да, и на мажите и на жените им прави впечаток колку бодликави се влакната по бричење. Но си остануваат исти како дијаметар, боја и мекост. Само колку се пократки, толку се цврсти на допир.

  • Отпечатоците на палецот се единствени

Доста луѓе се осудени поради цврсти докази – отпечатоците на нивните палци. Но нивната уникатност, подигната до постулат, не е целосно точна. Неодамнешните истражувања покажаа дека ист специјалист во областа на дактилоскопијата може да направи радикално различни заклучоци по истите примероци во зависност од околностите. На пример, кај членовите на едно семејство може да се повторуваат папиларните линии. А од постарите луѓе воопшто не можат да се земаат отпечатоци поради изветвување на кожата.

  • Здравите заби се бели

Како што ве уверат стоматолозите, здравјето на забите нема ништо заедничко со нивната боја. И ако пред вас е човек со холивудска насмевка, таа или е вештачки моделирана, целосно од импланти, или нејзиниот сопственик е сериозно болен. На пример, страда од недостиг на калциум. Чисто биолошки, емајлот кој ги покрива забите е проѕирен. Под него е дентинот – внатрешната “кутија” на забот, а тој е со кафеав тен.

  • Слабите имаат брз метаболизам

Телесната конструкција не зависи од брзината на метаболизмот. Тој дури се одвива побрзо кај масивните луѓе, но не на сметка на тежината, а на сметка на телото – колку поголема е тоа, толку поголема енергија му е потребна, како резултат на што, толку побрзо се одвиваат процесите на преработка на материите. Но, само ако килограмите се повеќе поради мускулна маса.

Косата и ноктите продолжуваат да растат по смртта

Независно од постојаните застрашувачки легенди за ова прашање, тоа не е точно. Не се направени специјални истражувања, бидејќи нема смисла. Секој студент по медицина знае дека растот на што и да е во човечкото тело е резултат единствено на делењето на клетките. За овој процес, во случајот кај ноктите е потребна гликоза, која го обезбедува производството на нови клетки и ноктите растат со 0,1 мм за едно деноноќие. Но смртта на човек по природен пат го прекинува влезот на глукоза, што значи дека престанува и растот. Истото е и со влакната – на влакнените луковици им треба кислород, а тој завршува во моментот кога срцето престанува да чука.

Извор: trendymen

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top