Home / Бизнис / Испробани техники како да си ги трошиме парите за да бидеме посреќни

Испробани техники како да си ги трошиме парите за да бидеме посреќни

Парите не ја купуваат среќа, тие се само алатка за остварување на соништата и создавање на потребни услови да трошиме време сами или на и со други луѓе, така што ќе чувствуваме позитивни чувства.

shutterstock_578954689

И сите да ги извадиме – некои повеќе, други помалку, сите ги трошиме или начинот на кој го користиме тоа средство, може да ни донесе повеќе (или не) животна сатисфакција.

Без непотребни претензии за оригиналност, авторите на онлајн изданието на списанието Entrepreneur потсетуваат накратко тестирани совети и методи на размислување за тоа како да ги трошите своите пари така што да бидете посреќни. Еве што пишуваат:

Всушност луѓето не сакаат да бидат богати, тие сакаат да бидат среќни.

Елизабет Дина, Даниел Гилберт и Тимоти Вилсон се убедени дека “ако парите не ве прават среќни, значи веројатно не ги трошите на вистински начин”. Тие раскажуваат како сметаат дека човек треба да управува со парите, за да биде среќен и да има богат додег на позитивни чувства во животот. Во оваа смисла го велат следново:

Плаќајте за повеќе искуства и помалку предмети. Материјалните добра се бесценети по некое време. Споменот останува засекогаш.

Користете ги парите за да им помагате на другите. Често кога човек подарува на некого или помога за добра кауза се чувствува позадоволен отколку ако го потрошил износот себично.

Купувајте мали задоволства, наместо големи. Некои луѓе сметаат за особено тешко да го почитуваат овој принцип, бидејќи за секојдневните напори (во работата или на друго место) се навикнати да се наградуваат со големи купувања и скапи големи придобивки. Според авторите сепак најчестите награди кои човек си ги прави, со бројни мали нешта го прават да се чувствува подобро во целина отколку долгоочекуваната награда со нешто поголемо и уште поомилено.

Плаќајте сега, но консумирајте малку подоцна. Ова е совет за среќа, кој се спротивставува на принципот на минутната радост и долготрајната несреќа: Купи сега – исплати подоцна. Нетрпението да го пробаш она што веќе знаеш дека го имаш е позитивна емоција. Долгот – силно негативна.

Внимавајте со трошењето кога сте на шопинг. Некои од експертите сметаат дека клиентите се чувствуваат најмногу задоволни по купувањето кога имале избор помеѓу 3 опции и посочиле една. Кај случаите кога тие почнуваат да гледаат повеќе и повеќе опции за слични стоки и споредуваат се повеќе, се оптоваруваат. Експертите советуваат: Изберете едно од три или едно од четири, купете го и немојте да се вртите назад.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top