Home / Бизнис / „Никогаш не е доцна да се изградите себеси“ – советите на Крис Гарднер

„Никогаш не е доцна да се изградите себеси“ – советите на Крис Гарднер

Крис Гарднер знае што значи да си го преоткриеш животот. Неговото вистинско патување од бездомен татко до берзански агент милионер го инспирира заплетот на филмот “Прогонување на среќата” (“Pursuit of Happiness”) со Вил Смит од 2006 година.

shutterstock_152766638

Во оваа инспиративна приказна која го пресликува животот на Гарднер, Вил Смит влегува во улогата на него, додека бил трговец од Сан Франциско, кога се обидува да изгради иднина за себе и за својот 5-годишен син Кристофер. Додека треба да се грижи сам за својот син, Гарднер добива можност за стажирање во брокерска куќа, каде ќе биде назначен само еден од 20 практиканти, меѓу кои е и тој. Тогаш мора да работи без плата плата, да спие со својот син во засолништа за бездомници и јавни тоалети. Додека конечно успева да ја добие работата благодарение на упорноста и дека продолжува да верува дека тоа е можно, дури и во околности во кои изгледа смешно.

Иако овие времиња одамна ги нема за Гарднер, тој продолжува да се сеќава на нив, раскажуваат авторите на американското списание Entrepreneur. Тој вложува 4 години и милиони долари во тоа да создаде инвестициски фонд, кој ќе помага во бизнис развојот во Јужна Африка. Финансиската криза не дозволува неговите планови да станат реалност. Потоа го започнува проектот со други деловни партнери.

На сајтот на Entrepreneur Крис Гарднер дава неколку совети на луѓето кои се оптоваруваат во тешките животни времиња. Според него овие едноставни препораки можат да им помогнат на сите кои се обидуваат да го изградат својот живот и да стигнат до непознат, неочекувам успех и височини.

Неговата борба за опстанок може да е различна од онаа на секој друг човек, но тој тврди дека одговорот да “се ослободиш и успееш” секогаш е ист.

Еве што вели:

1. Никој нема да ја заврши вашата работа, само вие можете да го направите тоа. Заборавете што мислат или велат другите луѓе. Занимавајте се со она што ве прави среќни. Се плашиме да дејствуваме поради помислата дека на околните може нешто да не им се допадна. Треба да кликнете на копчето “Start”!

2. Започнете со она што го сакате, но останете приземјени. “Можеби најтешкото прашање кое ме прашуваат е:” Како да се избере меѓу страста и практичноста?”, раскажува тој. “Не можам да одговорам. Морав да ги правам и двете. Бев страстен да започнам кариера во финансиските услуги. Но истовремено бев “запален” и ставен во ситуација да го хранам детето”.

3. Почнете бизнис, додава тој во еден глас со хор од експерти, кои предвидуваат нов бран кој ќе стартува нови бизниси управувани од луѓе со семејства, исфрлени од корпоративниот свет поради нивната возраст или лошата економија. Тоа е во ред, вели тој, бидејќи претприемачите над 50 година се во подобра позиција од помладите работници кои инвестираат во изградба на углед.

4. Секогаш имајте план. Ако започнувате бизнис, надежта сама по себе не е доволна. Имате потреба од план кој е јасен, концизен, неодолив и доследен. Згора на сè, треба да бидете посветени на тоа со што сте решиле да се занимавате.

5. Заложете на своите силни страни. Вашите вештини, талент и гледна точка можат да минуваат преку транзиции, па да наидете на други типови работа и индустрии.

6. Гледајте наоколу, бидете внимателни. Засилување може да не дојде. Работите може да станат полоши.

7. Запомнете што е вистински важно. Луѓето работат подолго за да ги добијат работите кои ги сакаат или за кои сонувале. Време е да се фокусирате на работите кои навистина имаат значење – семејството и пријателите.

8. Секој напредок е напредок. Кога се движите напред, се бројат и бебешките чекори, вели уште Гарднер.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top