Home / Дизајн / Првиот брод придвижуван од водород беше поставен на вода

Првиот брод придвижуван од водород беше поставен на вода

Поморската варијанта на авион “Солар импулс” (“Solar Impulse”) – “Енерџи Обзервер” (“Energy Observer”), кој е првиот брод, придвижуван од водород и обновливи извори на енергија, беше поставен на вода вчера. Презентацијата во Франција се случи точно пред една недела, соопшти Франс прес.

UseThis

Овој катамаран со должина од 30.5 метри и ширина 12,80 м е првиот брод во светот, кој може да произведува водород со електролиза, користејќи морска вода, благодарение на обединувањето на обновливите извори на енергија. Тоа го појаснуваат во Сен Мало иницијаторите на проектот морепловецот Ерусар кој е на 38 години, и писателот, фотограф и режисер Жером Делафос, кој има 45 години.

“Бродот е пловачки “smart greed “(паметна електрична мрежа),” вели Ерусар, кој работи на проектот од 2013 година.

zx860y484_2953690

По серијата од пловечки вежби на фази, во Франција кон крајот на годината, бродот ќе ја преземе “одисејата на иднината”, која ќе трае шест години. „Ова ќе биде турнеја од 101 етапа на светот, без емисија на јаглероден диоксид. Целта е да се најде решение за чиста иднина”, додаде Делафос кој е шеф на експедицијата.

Комбинацијата на средствата за производство на енергија, кои се на одборот на катамаранот е импозантна: 130 квадратни метри фотоволтаични панели, 2 ветерни турбини со вертикална оска и едно крило за паметно влечење. Сите тие ќе напојуваат две полнење на електричниот моторот со хидрогенератори.

Институтот за истражување СЕА-Литен во Гренобл има развиено батерија која го претвора јаглеродот во енергија. Оваа лабораторија ни обезбеди техничка и научна сигурност на овој проект, нагласува Ерусар.

mm

Катамаранот за новата експедиција е стар брод, кој во 1994 година ја добил наградата “Жил Верн (за обиколка на светот со едрилица без технички прекини). Тој е откупен за 500 000 евра и продолжен со 6 метри за потребите на проектот. Именуван е од еколог Никола Уло.

Склучено е и партнерство со УНЕСКО, која ќе биде поддршка во различни земји низ кои “Енерџи Обзервер” ќе помине и најмногу во пропагандата на обновливи енергии и ширењето на едукативните материјали.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top