Home / Здравје / НАУКА: “Бебињата со смартфони” спијат помалку, но имаат подобри движења

НАУКА: “Бебињата со смартфони” спијат помалку, но имаат подобри движења

Темата за “бебињата со смартфони” е сè почеста, бидејќи и размерот на феноменот е се поголем. Неодамна германски научници открија дека околу 70% од децата во најрана возраст поминуваат барем по половина час на ден со овие смарт апарати и предупредија за потенцијални штета од тоа. Сега британски научници откриле дека овие бебињата спијат помалку од врсниците, но пак ги развиваат моторните вештини побрзо.

zx860y484_2953867

Истражувањето е направено во лондонскиот универзитет “Баркбек” и е објавено во Scientific Reports. Научниците испитале над 700 родители со деца до 3-годишна возраст и утврдиле дека околу 75% од нив им дозволуваат на своите деца да си играат со смартфони и таблети секој ден, вклучувајќи и 51% на бебиња под 1 година.

Од одговорите на родителите се разбрало дека децата кои работат со технологии, спијат со околу 15 минути помалку на ден од нивните врсници кои имаат потрадиционални играчки. Тие заспиваат потешко вечерно време и во вкупниот случај спијат повеќе во текот на денот, отколку во текот на ноќта. Но заедно со тоа кај нив се набљудувале побрзи реакции и апсорпција на движења поради работата со екранот кој е осетлив на допир.

Откритието не е повод за загриженост меѓу родителите, смируваат научниците за ББС. Според нив при 10-12 часа сон за таа возраст, 15 минути не се фатални, иако не е јасно дали има ефект на акумулацијата.

Истражувањето не е доволно категорично и сеопфатно, коментираат уште истражувачите. Ова е нова тема за научниците и сѐ уште недостасува критична маса на информации и научни докази за тоа има или нема штета, или пак корист од смарт технологиите врз децата.

Засега им препорачуваат на родителите да ги следат истите правила како за телевизијата – со ограничување на времето кое може да се поминува пред него и да се уверуваат дека содржината е соодветна за мали. Советуваат исто и да не се дозволува игра со смартфонот непосредно пред спиење.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top