Home / Живот / 18 Едноставни вистини кои никој не ви ги кажал додека растете

18 Едноставни вистини кои никој не ви ги кажал додека растете

Знаете кога бевте мали размислувавте дека со процесот на растење животот ќе ви даде одговор на сите прашања и како тие одговори всушност ќе се одразат на крајната вистина и како треба да се живее животот.

Но, тоа што не го знаевте, а и многумина од нас исто така е тоа дека секој од нас има различен склоп/ збир на верувања и врз основа на тие верувања Ние го градиме нашиот живот и нашата реалност, а што ние обично правиме е наметнување/ експонирање на сопствениот склоп на верувања пред другите.

truth

Ова е листа на 18 едноставни вистини кои никој не ги споделува со Вас во процесот на вашето растење, а е базирано на субјективни верувања, искуства и не е задолжително да верувате во било што споделено, “без разлика каде си го прочитал и кој го кажал, без разлика дали е кажано од мене, освен ако се согласува со твојот разум и разбирање.” Буда

1. Со сакање на самиот себе и прифаќањето на сопствените верувања доаѓа вистинска среќа. Не постои поголем подарок кој може да си го поклоните самите себе од тоа да се почитувате, сакате..

“If you aren’t good at loving yourself, you will have a difficult time loving anyone, since you’ll resent the time and energy you give another person that you aren’t even giving to yourself.” Barbara De Angelis

2. Осудувањето на другите не спречува нас од гледањето на доброто кај луѓето. Моментот кога судиме за друго човечко суштество, ние си го блокираме сопствениот светоглед со тоа што не гледаме подалеку од етикетите со кои сме ги дефинирале тие луѓе, ограничувајќи се од можноста да ги видиме и препознаеме во нивното вистинско лице, а не во она што ние мислиме за нив дека се.

3. Изразување благодарност за она што го имаме дефинитивно ќе ни помогне да привлечеме енергија за оние работи кои ги сакаме. Благодарноста е една од 12-те основни активности за кои Sonja Lyubomirsky зборува во нејзината книга “The How of Happiness”, активност која е научно докажано дека ни помага да ги постигнеме работите кои ги посакуваме и привлечеме повеќе среќа во нашите животи.

“Gratitude unlocks the fullness of life. It turns what we have into enough, and more. It turns denial into acceptance, chaos to order, confusion to clarity. It can turn a meal into a feast, a house into a home, a stranger into a friend.” Melody Beattie

grow

4. What other people think of you is none of your business! Разбирате? Секако да, да. Кој што сака нека мисли за Вас, тоа не е ваша работа! Вашиот углед и репутација не е нешто врз кое имаш контрола. Колку повеќе комуницираш со луѓето, поголема репутација ќе добиеш. Знам, звучи интересно – не можеме да контролираме што луѓето мислат за Нас и верувајте, тоа нема ништо општо со тоа дали сте Вие “добар” или ”лош” човек/ личност.

5. Нема ограничување на она што можеме да го постигнеме, освен оние кои сами сме избрале да си ги наметнеме на самите себе.

“Don’t believe what your eyes are telling you. All they show is limitation. Look with your understanding, find out what you already know, and you’ll see the way to fly.” Richard Bach

“Не верувај во она што очите твои кажуваат. Се што тие покажуваат се ограничувања. Гледај со твоето разбирање, откриј што веќе си научил и ќе го видиш/ пронајдеш начинот како да леташ/ ослободиш.” Ричард Бах

6. Ако правиш добро ќе бидеш среќен, ако правиш лошо ќе бидеш несреќен/ незадоволен.

“Ако сакаш да бидат другите среќни, практикувај сочувство, ако сакаш Ти да бидеш среќен, практикувај сочувство.” Далај Лама

7. Времето не чека никој, едноставно не го прави тоа. Времето поминува толку брзо низ нас, затоа треба да се научиме како да ги запазиме/ зачуваме како богатство моментите кои ги поминуваме на нашата прекрасна планета Земја, да бидеме присутни и ангажирани во се` што правиме, за времето, оти еднаш поминало никогаш не се враќа.

8. Мудроста никогаш не се намалува ако се споделува со други. Споделувај го сопственото знаење со светот, споделувај ги твоите уникатни дарби и таленти. Она што го даваме ни се возвраќа.

9. Сакај ги луѓето, не предметите, предметите ги користи, не луѓето. Работите доаѓаат и поминуваат, но луѓето, ако тие заминат, заминале засекогаш и токму на тоа треба да обрнеме поголемо внимание, како ги третираме луѓето околу нас и секогаш да избереме да бидеме љубезни, дружељубиви и со почит кон нив.

10. Парите не се еднакви на среќа. Ако го сакате она што го работите секогаш ќе најдете начин да заработите, но ако заработувањето на пари си го поставите како крајна цел никогаш нема да бидете среќни.

Сметам дека зборовите на Wayne Dyer би се вклопиле овде: “When I chased after money, I never had enough. When I got my life on purpose and focused on giving of myself and everything that arrived into my life, then I was prosperous.”

11. Напорната работа не секогаш носи успех. Израснати сме со верувањето дека ако работиме напорно ќе станеме успешни и ќе си дозволиме многу работи кои оние што не работат не можат да си ги дозволат. Но, не секогаш е така.

“The idea that the harder you work, the better you’re going to be is just garbage. The greatest improvement is made by the man or woman who works most intelligently.” Bill Bowermann

grow1

12. Знаеме многу повеќе отколку што мислиме дека знаеме.

“Бидете трпеливи со сите нерешени работи во вашето срце и обидете се да ги сакате прашањата самите по себе, како заклучени соби или книги кои се напишани на некој непознат јазик. Немој сега да ги бараш одговорите кои не можат да ти бидат дадени затоа што не би бил во состојба да ги преживееш. И, поентата е, да се живее сè. Живеј ги прашањата сега. Можеби ќе ги пронајдете одговорите постепено, без да забележите, без да се свртите и ќе живеете во тој далечен ден во одговорот.” Rainer Maria Rilke

13. Моќта која доаѓа со фокусирањето на она што сакаме, а не на она што не сакаме. Она на што се фокусираме доживува експанзија, се шири, додека она на кое се спротиставуваме покажува одбивност, истрајност. Не ти се допаѓа нешто, немој да се спротиставуваш, не бори се против него, немој да се жалиш во врска со тоа.

“Работите не се променуваат кога се спротиставуваш на реалноста која постои. Да промениш нешто конструирај нов модел што ќе го направи постоечкиот застарен.” Richard Buckminster Fuller

14. Не верувај во се што мислиш. Секогаш кога се обидуваме да размислуваме за работите кои не можеме да ги промениме, за нештата кои можеме да ги промениме или пак за оние кои не сакаме да ги промениме всушност ние предизвикуваме поголем стрес во нашиот живот со кој се оддалечуваме од јасното размислување и преземањето паметни одлуки.

Ова е силна мисла која јасно кажува: “If you realized how powerful your thoughts are, you would never think a negative thought.” Peace Pilgrim

Секоја мисла е важна, кога ќе научиме да ги контролираме мислите тогаш ке можеме да воведеме стабилен план/ стратегија во животот.

15. Верувањата постануваат исполнувања на сопствените пророштва и “ако третираш една индивидуа таква каква што е, таа ќе си остане иста/ непроменета. Но, ако ја третираат како да е она што таа треба да биде и може да биде, таа ќе стане она што треба да биде и може да биде.” Гете

love

16. Не се споредувај и не се натпреварувај. Да се споредуваш самиот себе со другите е токсично/ отровно, нездраво и штетно за Вашата самодоверба и сликата за себе.

Постојаниот обид да се натпреваруваш со другите ќе исцрпи толку енергија од Вас, а најдоброто нешто кое може да го стори за вас е да сфатите дека: вистинско благородништво не е да бидеш подобар од другите. Туку, да се биде подобар од себе, од она што сте биле претходно.” Wayne Dyer

17. Сакај сè, љуби сè, не врзувај се за ништо и знај: “приврзувањето кон работите е најголемиот фабрикатор, производител на илузии; реалноста може да се постигне само ако некој е ослободен, необврзан.” Simone Weil

18. Искрено, многу е полезно да зборувате и размислувате отворено за смртта. Можеби би се запрашале зошто треба тоа да го направиме. Па, затоа што: “човек на умирање треба да умре, како што сонлив човек треба да спие, и доаѓа време кога е погрешно и непотрено да се спротивставуваш.” Stewart Alsop

Да зборуваме за ова, а да не делуваме вака, промените нема да се појават на нашиот пат, затоа треба да си помогнеме да живееме целосни животи, да си помогнеме да уживаме во убавите моменти кои ни ги пружи животот, да се радуваме на моментите со луѓето кои ги сакаме уште повеќе. Да бидеме благодарни и да ја изразуваме нашата благодат, љубов и мир со секој кој се појави на нашиот пат.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top