Home / Живот / 7 едноставни правила за полесна комуникација со токсични луѓе

7 едноставни правила за полесна комуникација со токсични луѓе

Порано или подоцна секој мора да се справи со тешки луѓе за комуникација – со оние кои даваат несакани совети, критикуваат, ги искажуваат своите ставови дури и кога не ни се потребни и слично. За да избегнете конфликт со нив, треба да знаете неколку едноставни правила.

shutterstock_271958894

  • Разговарајте јасно и самоуверено

Активностите на токсичните луѓе често се спакувани во магла. На овој начин тие имаат можност да најдат оправдувања за несмасни дејствија. На пример:

“Не ме предупреди дека не требаше да се каже на никого.”
“Не сфатив дека требаше да се сретнеме токму во 10.00.”

Бесмислено е да се надевате дека ваквите луѓе ќе се потпираат на непишаните норми на нормалното дружење. Затоа, додека комуницирате со нив, секогаш зборувајте јасно и потцртајте го и најмалиот детал, колку и очигледен да ви се чини.

  • Правете разлика помеѓу грижа и самопотврда

Има луѓе кои сакаат да помагаат мизерно и на досаден начин. На овој начин создаваат илузија дека им е гајле дека навистина ни мислат добро, едноставно не знаат како да го искажат тоа поинаку. Всушност, сепак, однесување од овој вид на луѓе има за цел само едно нешто – самоутврдување на токсичноста на личноста. Затоа подобро престанете ја таквата комуникација уште во зародиш и сите обиди на овие луѓе да ви помогнат.

How-Emotionally-Intelligent-People-Handle-Toxic-People

  • Поставете јасни граници

Токсичните луѓе не ја сакаат транспарентноста. Затоа е важно да поставите јасни граници помеѓу вас и нив. Кога станува збор за ваш колега, објаснете му дека ги оставате вашите професионални односи во канцеларијата. Затоа подобро е да не ве бараат надвор од работно време. Всушност, воспоставувањето на лични граници е нормално за секоја здрава врска, дури и со луѓето кои ви се допаѓаат.

  • Знајте кога да престанете

Понекогаш кога разговарате со слични луѓе навистина ви се сака да им одвратите, да си ја заштитите гледната точка или да ги наведете грешките во нивното однесување. Ако го направите тоа, меѓутоа, вие само се фаќате на нивната рибарска трска, зашто овие личности бараат самопотврда преку спор или конфликт, не преку вистината. Покрај тоа, во уметноста на спорот, вашиот противник најверојатно е доста повешт од вас. Соодветно конфликтот е бесмислен.

  • Повлечете се на време

Кога токсична личност е на пат да го расипе доброто расположение, најдете си изговор за да си одите. Всушност, не е толку важно тоа да звучи веродостојно. Затоа најдобро подгответе неколку изговори однапред.

8-toxic-people-just-get-rid-400x209

  • Не земајте ги работите премногу лично

Понекогаш е тешко да пресечеме дијалог кој ни штети на емоционалното здравје. Не забележуваме како дискусијата за најобични нешта прераснува во конфликт. Ако тоа се случи, не преминувајте во разговор поврзан со вашите лични квалитети, бидејќи тоа само ја покажува вашата беспомошност. Разговарајте само со факти. Бидете попаметни од вашиот противник, дајте му пример, колку и клишизирано да звучи тоа.

  • Правете го тоа што го љубите

По комуникацијата со токсична личност, кај вас е можно да остане едно специфично чувство на недовршеност. Од една страна, не сте ставиле крај на конфликтот. Од друга – токсичниот човек ги нема изгорено сите мостови меѓу него и вас, со што уште еднаш избегнал каква и да е форма на јасност. Понекогаш ние самите ги негуваме односите со овие луѓе, иако по средбата со нив се чувствуваме како исцеден лимон. Подобро обрнувајте внимание на работите кои навистина ви се најблиски и кои ви смируваат. На крајот на краиштата – имено нашето хоби не прави такви какви што сме.

Извор: BrightSide

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top