Home / Еколошка / Огражден – Значајно подрачје за пеперутки

Огражден – Значајно подрачје за пеперутки

Планината Огражден e планина со средна височина и се наоѓа во југоисточниот дел од Македонија. Дел од овој масив се протега и во соседна Бугарија. На север Огражден се граничи со Малешевските Планиниа, додека на северозапад акумулацијата Турија е границата помеѓу Огражден и планината Готен.

butterflies_1200px

Подлогата на Огражден е целосно силикатна, додека климата е континентална на северните падини со медитерански влијанија на јужната страна. Горните делови на планината и нејзините северни падини се добро зашумени главно со црн бор и бука, додека пак јужните делови се покриени со деградирани дабови шуми со грмушки (Melovski et al., 2013).

Во 2003 година дел од планината Огражден, поточно од селото Иловица па сè до врвот Огражден (1745 мнв), на површина од околу 1000 хектари, е прогласен за Значајно подрачје за пеперутки (PBA – Prime Butterfly Area) (Van Swaay & Warren, 2003). PBA се подрачја кои се значајни за распространување на пеперутките, а се фокусираат на целни видови кои се конзервациски приоритетни за цела Европа. Така врз база на најмалку два од трите критериуми (глoбалното распространување на видот да е само во Европа; видот да е дел од Хабитат директивата или Бернската конвенција; на видот да му се заканува опасност од исчезнувасе во Европа) се идентификувани 34 целни видови пеперутки.

6394539_orig

Вкупно 5 од овие 34 видови се идентификувани за значајни во фауната на Македонија. Од нив, два вида Maculinea arion и Parnassius apollo се среќаваат во PBA Огражден. Освен овие два вида, други значајни видови пеперутки кои можат да се сретнат тука се: Carcharodus orientalis, Erynnis marloyi, Tarucus balcanicus, Libythea celtis (Jakšić, P. (2003), како и Thecla betulae.

Изградбата на рудникот Иловица и неговото функционирање несомнено дека ќе имаат огромно негативно влијание на фауната на дневните пеперутки. Ова влијание главно ќе биде согледано врз уништувањето на нивните живеалишта и растенијата со кои што се хранат. Со тоа, овој потфат може да доведе до целосно исчезнување на двата вида пеперутки од ова подрачје. При фазата на изградба и функционирање на рудникот, не постојат мерки за ублажување кои би го повратиле екосистемот во функционална состојба. Заради тоа, препорачувам целосно откажување од идејата за изградба на овој рудник со цел зачувување на богата природа која ја поседува Македонија.

Диме Меловски
- MSc по биодиверзитет

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top