Home / Географија / Осумтте најизолирани градови на светот

Осумтте најизолирани градови на светот

Кога жителите на овие оддалечени локации велат дека живеат на крајот на светот, тие не претеруваат. Без разлика дали се наоѓаат на 2400 километри од најблискиот брег или 5181 метри надморска височина, ви ги претставуваме осум мали населени места, кои дали и некогаш ќе имате можност да ги посетите.

shutterstock_162710462

  • Витер, Алјаска

Само еден пат води до овој град и тој преминува низ 4-километарски тунел со една линија, кој е затворен во текот на ноќта. Населението расте во текот на летните месеци, но во текот на зимата во градот остануваат околу 200 жители. Голем дел од жителите живеат заедно во 14-катната зграда, наречена Begich Towers, каде се сместени пошта, црквата и супермаркет.

  • Вила лас естрелас, Антарктик

Една од двете населби на целиот континент, островот на Villa Las Estrellas ги има сите карактеристики на типичен мал град. Селото има 100 жители (уште помалку во зима) и располага со фитнес сала, црква, пошта и продавница за сувенири. Селцето се гордее со фактот дека има пристап до интернет, но тој може да биде користен само на трите компјутер во локалното училиштето.

  • Ла Ринконада, Перу

Издигајќи се на речиси 1500 метри надморска височина, гратчето Ринконада во перуанските Анди е највисоката локација на земјата. И покрај недостатокот на проточна вода и вртоглавица од висината, населението на гратчето брои околу 50 000. Но главната причина не е глетката, туку златните рудници лоцирани под масивниот глечер, во подножјето на кој се наоѓа градот.

shutterstock_379359940

  • Лонгјеарбиен, Норвешка

Скандинавскиот град е толку на север, што е поблиску до Северниот Пол, отколку до Осло, главниот град на Норвешка. Оваа локација гарантира ладни температури во текот на целата година и долги и темни зимски вечери. Куќите се изградени на потпорници, кои ја заштитуваат ледената основа од топење.

И покрај овие тешки услови, привлекува луѓе од целиот свет. Од помалку од 3.000 жители во градот, речиси една третина се странци. Големата атракција која е силина на гратчето е веројатно шокантно најнискиот криминал, што е разбирливо, со оглед на тоа дека е нелегално да живееш таму без работа или постојана адреса. (Исто е нелегално да умреш таму, бидејќи е премногу студено за да се разгради телото). И додека криминалот е со ниска стапка, поседување на оружје е распространета пракса, но пред се за заштита од поларните мечки. Животните претставуваат таков проблем што полицијата наредила на секој жител надвор од границите на градот, да носи оружје и да знае како да го користи.

  • Палмерстон, островите Кук

Далечниот остров Палмерстон е откриен од англичанецот Вилијам Марсторс пред 150 години. Денес, сите 62 жители со исклучок на 3, се директни потомци на Марсторс и неговите три полинезиски сопруги (кои биле братучетки). Освен што можете да стигнете до Палмерстон со јахта или брод, туристите можат да бидат транспортирани и со товарен брод, кој испорачува стока до островот двапати годишно.

  • Супаи, Аризона

Супаи е достапен само со хеликоптер или откако ќе изминете 13 километри по патче, која се поврзува со најблискиот пат. Иако е доста оддалечена локацијата, градот се уште успева да привлекува туристи секоја година поради својата блискост до водопадот Хавасу. Супаи останува едно од ретките места во САД, каде поштата сѐ уште се доставуваме со мазга.

kuber-pedi-village-3_1436

  • Кубер Педи, Австралија

Пред сто години, еден тинејџер направил револуција во рударската индустрија на Австралија, кога открил опал во карпите меѓу пустошот. Непристапниот пуст терен не бил идеално место за рударски град, затоа домовите на Кубер Педи биле изградени под земја. Денес населението од помалку од 2.000 лица ужива пристап до подземен бар, подземна уметничка галерија и три подземни цркви.

  • Единбург на седумте мориња, Тристан да Кунја

Поместено на 2.000 километри од најблиската локација, ова село на островот Тристан да Кунја е сметано за едно од најизолираните места на земјата. Населбата е именувана по Војводата од Единбург, кој го посетувал островот во 1867 година. Најбрзиот начин да стигнете до него е да тргнете од Јужна Африка на исток и патувате 6 дена со чамец. Освен разновидна флора и фауна, островот може да се пофали и со активен вулкан. Во 1961 година населението требало да биде евакуирана во Англија, кога вулканот избувнал, но за среќа штетите се минимални и повеќето жители се вратиле неколку години подоцна.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top