Home / Интернет / За што најчесто лажеме во социјалните мрежи?

За што најчесто лажеме во социјалните мрежи?

Да ги следите сите настани во социјалните медиуми може да е исцрпувачки и долго време поминато во едно големо ништо. Постојаниот прилив на интересни случки кои вашите пријатели ги споделуваат може да ве натераат да помислите дека секојдневието ви е досадно и банално. Дали би излажеле за да се допаднете на останатите?

shutterstock_295469396

Социјалната мрежа Reddit создала под-форум за да покаже дека луѓето лажат доста често во социјалните медиуми. Највообичаената лага е употребата на лажни слики.

Без разлика дали се преправаат дека се модели или користат фотографии од одмор на непознати луѓе, интернет корисниците воопшто не се срамат кога сакаат да се претстават во добра светлина. Друга тема за која луѓето најмногу лажат се односите или сексот. Лагите за болест или дури и смрт пак имаат за цел да го привлечат вниманието и сочувството на околните.

Според истражувањето:

25% од корисниците користат лажни слики
23% лажат за тоа што поседуваат
14% лажат за состаноци, односи и секс
13% лажат за својата работа и плата
6% лажат за смрт или неизлечива болест
4% лажат дека познаваат или се сретнале со некого
3% лажат за својот фитнес режим и тежина
1% лажат за возраста

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top