Home / Бизнис / Да бидеш лидер дури и кога не си шеф е возможно!

Да бидеш лидер дури и кога не си шеф е возможно!

Во градинка имав чест да ме изберат за лидер на одделението. Иако растојанието помеѓу училницата и кантината беше мала, сите деца требаше да ме следат мене. Кога јас запрев, и тие запираа. За многумина од нас, да ја водиме таа група на ученици е првото искуство во улога на лидери.

AAEAAQAAAAAAAAMLAAAAJDdiOGU3NTE5LWUyZmEtNGU3MS1hYjZkLTM4YjRjM2NmYjA0NQ

Но, денес имаме менаџери, шефови, шефови на шефовите … и да бидеме некогаш повторно лидери изгледа невозможно. Но, немојте да се грижите – можете.

Според неодамнешната оценка на Waggl, топ приоритет за развојот на човечкиот капитал е создавање на “лидерство на сите нивоа” – над 74% од HR и бизнис професионалците велат дека ова е најважната цел за годината.
Традиционалистите би ве советувале да го прескокнете овој стремеж, бидејќи е тешко да постигнете резултати со многу водачи/ лидери и премалку Индијанци. Но кога се размислува за начините на кои еден вработен може да биде лидер, ќе ви стане јасно дека човек може да води, без да е на чело. Можно е да инспирирате, мотивирате и да ги учите другите, без воопшто да им давате наредби.

Ако сакате некој ден да станете бизнис лидер или само повеќе ценет член на вашата организација, треба да започнете да вежбате различни начини на кои можете да водите. Ви предлагам 4 совети како да бидете лидер, дури и кога не сте шеф:

  • 1. Решавање на проблеми.

Секогаш кога имаат сомневања или проблеми, луѓето се обраќаат за помош кон својот лидер. Ако сакате да личите повеќе на лидер, треба да сте човекот кого екипата го бара кога има потреба од одговор.

Тоа не значи дека треба да ги совладате до совршенство деталите за секоја позиција во компанијата и да дознаете сè за сè. Потребно е сепак да покажете вештини за решавање на проблеми. Покажете им на своите колеги дека дури и да го немате одговорот, можете да помогнете со наоѓање на пат до него.

За таа цел треба да сте свесни не само за своите силни страни, но и за оние на членовите на тимот, па затоа треба да ги искусете – нивните лични интереси, експертиза и знаење.

Ако на пример се прашувате каде да се напиете пиво после работа, понудете место што ќе им се допадне на сите. Не сте запознаени со оваа област? Дознаете кој живее во близина и може да ви даде насоки.

Овој избор може да не е толку важен, колку каква одлука треба да преземете за новата производна линија на компанијата, но е добар почеток и ќе ги натера колегите да почнат да гледаат на вас како на човек кој има идеи и решенија.

leadership1

  • 2. Научете ја разликата помеѓу укажување помош и влечење назад.

Важен аспект од лидерството е да ги поддржувате другите, за да можат тие да се развиваат и усовршуваат. Тоа значи да им помагате да успеат.

Понекогаш, сепак – ако ја вршите работата наместо нив – вашата помош станува штета и попречување на нивниот развој.

Ако понеискусен ваш колега не може да се справи со задачата која сте ја извршувале илјада пати, тој може да се сврти кон вас за помош – сепак веќе сте човекот со одлуките.

Да, се разбира, би било полесно сами да ја исполните задачата, но тогаш како вашиот колега ќе стане подобар професионалец? Наместо тоа пренесете му го процесот во одделни чекори, одговарајте на прашања, додека тој самиот се носи со предизвикот.

  • 3. Признавајте ја макотрпната работа на другите.

Мислењето и највисоката оценка на околните за нашето претставување на работа може да има огромно влијание, дури и кога тие не се вашиот шеф. Истражување на TINYpulse од 2014 година покажува дека колегите се главната причина да даваме од себе малку повеќе отколку што е потребно.

Дали затоа што бараме нивно одобрување, или би доживеале вина дека ги комплицираме нивните животи – најважно е дека често вложуваме дополнителни напори заради своите колеги. Изразувајте благодарност за овие гестови при секоја удобна можност.

Во мојата компанија, Coplex, секоја недела членовите на тимот номинираат свој колега за вонредната посветеност. Тој вработен и неговиот ценет придонес се овековечени во неделниот билтен Friday Five.

И не заборавајте да се заблагодарите. Не само затоа што така е учтиво да се постапува, но и затоа што се прикажува на своите колеги дека ја забележувате нивната посветеност.

Group Of Business People Having Board Meeting Around Glass Table

  • 4. Започнете да мислите на Големите резултати.

Често гледаме на успехот како на постигнување или завршување на нешто, без нужно да се навратиме и помислиме на влијанието на работата на големата слика.

Лидерите го дефинираат успехот различно од другите. Тие се фокусираат на мерливите резултати и видливите промени и велат “Ова е резултат на нашиот труд”. Повеќето од нас не размислуваат така.

Кога ќе завршите некој проект, одвојте минута да размислите за начинот на кој истиот и помогнал на компанијата. Обрнете внимание и на своите колеги – нивните улоги во процесот и нивниот придонес за успехот на проектот.

Започнете да си поставувате мерливи цели и внимавајте на истите. На пример, немојте само да се стремите да привлечете 10 нови купувачи за овој месец – барајте клиенти кои ќе и донесат на компанијата одредена добивка. Така постојано ќе носите вредност, без разлика какви се формалните обврски.

Никој не ја започнал својата кариера како лидер. Тоа сепак не значи дека не можете да бидете водич од самиот почеток. Треба да работите напорно и да ги исполнувате своите обврски, за да ја заслужите оваа титула. Ако уште не сте стигнале толку далеку, нема проблем – никогаш не е доцна да почнете да ги развиете лидерските вештини кои ќе ви го олеснат патот кон врвот.

Илја Позин,
основач на Pluto TV за LinkedIn.com

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top