Home / Забава / Среќен роденден Ал Пачино!

Среќен роденден Ал Пачино!

Американскиот актер со сицилијанско потекло Алфредо Џејмс Пачино, познат во целиот свет како Ал Пачино, денес полни 77 години. Тој е роден во њујоршкиот кварт Бронкс на 25 април 1940 година во семејството на Салваторе и Роуз Пачино.

gettyimages-454388702

Како млад работел што ли не, вклучувајќи работи како театарски службеник и градежен надзорник. Неговата страст кон уметноста го одведува во центарот на Њујорк, каде што продолжува да се занимава со театар.

Постепено добива се поголеми улоги и настапи на театарската сцена. Во 68-та година ја освои првата награда за најдобар актер за улогата во претставата “The Indian Wants the Bronx”.

Своето деби во киното го има во 69-та, кога е забележан од Френсис Форд Копола. Тој го зема за филмот “Кум” (1972 година) во улогата на младиот Мајкл Корлеоне. Улога која го истрелува младиот Пачино на врвот. За неа тој ја добива и првата номинација за Оскар за машка улога.

Невозможно е човек да ги изброи безбројните инкарнации на непогрешлив актер. Талентот и магнетизмот му се неспорни. Нема филм со негово учество во кој не оставил свој уникатен отпечаток.

Му посакуваме уште долги години креативна енергија со еден од иконските настапи во филмот “Scent of a woman”.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top