Home / Активизам / ТРАНЗЕН: Разговор со Владимир Јанковски

ТРАНЗЕН: Разговор со Владимир Јанковски

Во петок 5-ти мај со почеток во 19 часот во малата сала на Домот на Арм во Струмица ќе биде одржана средба со писателот Владимир Јанковски од Скопје.

влади

Средбата и разговорите со Јанковски ќе бидат поделени во два дела: во првиот авторот ќе го претстави својот последен роман „Невидливи љубови“ и ќе биде достапен за прашања и одговори по однос на него; во вториот дел ќе се дискутра за состојбите во современата македонска проза, приликите и неприликите во кои таа егзистира, проблемите со кои се соочува македонското издаваштво како и творците во современите констелации, како и што всушност подразбира да се твори на јазик со условно речено мал вернакуларски дијапазон, каквa е позицијата на македонскиот јазик во глобалните прилики, и на многу други прашања и теми значајни за творештвото во Македонија.

Активноста е дел од проектот “Креативна Струмица” финансиски поддржан од Г1 програмата на општина Струмица. Модератор на разговорот ќе биде Далибор Плечиќ, писател и книжевен критичар.

Save

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top