Home / Здравје / Храна која ги ублажува пролетните алергии

Храна која ги ублажува пролетните алергии

“Сезонските алергии се генетска болест на имунолошкиот систем. Пред да помислите за лекови е особено важно да ја пречекате сезоната на алергиите со здрава исхрана.”

shutterstock_355672364

Тоа го вели Мајк Трингејл, потпретседател на Фондацијата за борба против астмата и алергиите од САД, цитиран од списанието Time.

Здравата исхрана треба да е богата со антиоксиданси и омега-3 масни киселини. “Алергијата предизвикува воспаление на ткивата, поврзувани со грлото и носот. Храните кои го намалуваат воспалението, ќе доведат до олеснување”, советува Трингејл.

Јатки – особено оревите – се добар избор поради високата содржина на магнезиум и витамин Е. Магнезиумот ги ублажува нападите на астма, со што ги раствора бронхиите и ги опушта дишните мускули, а витаминот Е го зголемува имунитетот и го брани организмот од слободните радикали кои предизвикуваат воспаленија и оштетување на ткивото.

Јаболка. Истражувања покажуваат дека луѓето кои редовно консумираат јаболка, се подложени на помал ризик од алергии и астма. Јаболката се богати со кварцитин – флавоноиди со антиинфламаторни својства.

Количеството му е најголемо во кората. Во неа е висока и содржината на полифеноли – уште еден тип антиоксиданси.

Д-р Џејмс Барнс од Школата за јавно здравство при Универзитетот Харвард ја истражува врската помеѓу исхраната и дишните проблеми и заклучува дека “при повисок прием на антиоксидантни и антиинфламаторни микронутриенти поретко се среќаваат кашлица, респираторни инфекции, а симптомите на астма не се така тешки.”

Риба. Масните киселини Омега-3 содржани во морската храна имаат природно противвоспалително дејство и ја зголемуваат имунолошката заштита, а алергиите се појавуваат токму кога имаме намален имунитет. Д-р Вилијам Сиарс, автор на книгата “Ефектот Омега-3″ тврди дека за сезонските алергии најдобриот лек што би можел да се препише е 150 грама лосос, два пати неделно. Редовното консумирање на риба помага и против кожните алергии, кои исто така се влошуваат во пролетната сезона.

Црвено грозје. Кожата му е богата со антиоксиданси и ресвератрол – состојка со противвоспалително дејство. Лозовите листови исто така имаат својство да ги ублажуваат воспаленијата.

Домати. Тие содржат голема количина витамин Ц, го зголемуваат имунитетот и ги ублажуваат отоците. Содржат антиоксидантен ликопен. Истражување на научниците од Универзитетот на Тел Авив покажува дека триесет милиграми од него на ден ја зголемуваат со 45% заштитата на организмот против напади на астма. Модар патлиџан, краставиците и грашок се исто така меѓу препорачаните зеленчуци.

Друга храна богата со антиоксиданси се: шумските плодови, гравот и компирот.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top