Home / PR / ВИДЕО: “Отвори го умот” – добар експеримент на Heineken

ВИДЕО: “Отвори го умот” – добар експеримент на Heineken

Нова кампања со идејна и социјална фокусираност на Heineken во САД доби огромно одобрување и препознатливост со концептот и изведбата. Во центарот на вниманието е заштитен краток филм со два пара на непознати луѓе кои се согласиле да учествуваат во чудно искуство.

Кадар од рекламата

Кадар од рекламата

Заплетот е следниов: двајца непознати се среќаваат за прв пат во голема просторија од типот на склад. Собраните парови се претходно избрани така што да се составени од луѓе со апсолутно спротивставени мислења за одредена тема – екологија, феминизам или други деликатни теми.

Двајцата учесници во експериментот се запознаваат, составуваат заедно дрвен бар и пред да им биде понудено пиво што треба да го испијат заедно на барот откако почувствуваат веќе дека си се пријатно друштво им се емитува на екран однапред снимен материјал со секој од нив. На снимката се гледа како секој вели категорично агресивни ставови по одредено прашање (екологија, феминизам, друго). Позицијата е навредлива за другиот и целосно спротивна на неговата.

Потоа од Heinken ги прашуваат луѓето дали сакаат да останат на пиво со другиот и да си поговорат (или да си заминат, бидејќи апсолутно не се согласуваат со мислењата по прашањето и не комуницираат со такви лица).

Резултатот оставаме да го видите сами.

Оваа реклама насловена “Одделени светови” (“World’s Apart”) засрамува со длабочината и ефектите одистата редица други неуспешни обиди за социјални пораки од брендовите, вклучувајќи ги и кампањата на Pepsi во САД со моделот Кендал Џенер, посочува Business Insider.

Погледнете:

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top