Home / Култура / Мануела Златкова – една од 40те најдобри на конкурсот на „Македоника“

Мануела Златкова – една од 40те најдобри на конкурсот на „Македоника“

Ми падна ѕвездата од чело – Мануела Златкова, е едно од четириесетте најдобри дела наградени на конкурсот кое влегува во трката за специјална награда која ја бираат читателите на дигиталната библиотека Македоника.

Наградата ќе биде доделена од страна на Фондација Македоника според читаност на делото (со помош на регистрирање), споделуваност на социјалните мрежи (со дадените опции на самата страница) и коментари на форумот отворен за наградените дела.

18254618_1533758706635340_207464696_n

Оваа збирка ја сочинуваат 47 песни. „Ми падна ѕвездата од чело“ ја прикажува борбата со демоните и ангелите кои ние, луѓето, си ги замислуваме во нашите глави. Самата конструкција на збирката ја чинат два дела, насловени како indigo и sub-constellation. Првиот наслов indigo како збор, претставува растение, боја, но пред сè-суб култура на пресликувањето на нашите мисли. Оттука потекнуваат и супериорните индиго деца, кои, како врв на пирамидата од нашето постоење, му даваат посебен одлик на општеството. Тргнувајќи од сето ова, во indigo се зборува за луѓето околу нас, оние кои нè напуштиле одамна и оние кои допрва ќе ни бидат блиски, ако во меѓувреме не сме заминале во друг појас на живеењето. Вториот дел пак, sub-constellation ни дозволува со сета наша сила да ја осетиме моќта на небесните тела и потајно да се поврземе со нив. Се зборува за настанокот, за нашето поврзување со нив, но и нивната смрт од човековата лутина. Накратко, Ми падна ѕвездата од чело, зборува во име на сите луѓе, но и за тоа колку сме ние спремни да му дозволиме на универзумот да владее со нас.

18309033_1533757983302079_1356379719_n

Мануела Златкова е родена на 2 октомври 1997 година во Струмица, Македонија. Во моментов е студент на Медицинскиот факултет во Скопје, на отсек Радиолошки технолог.

18280693_1533758586635352_1693271040_nПишува поезија и кратка проза и припаѓа на најмладата генерација поети на книжевната сцена. Со своја поезија и кратка проза, повеќекратно е застапена во повеќе книжевни списанија, магазини, зборници и онлајн списанија за книжевност како: „АКТ“, „Ш“, „Рукописи“, „100 Илјади поети за промена“ ,„Balkan Literary Herald“, „Млади Поети“„Портрет“, „Очудувања“ и други.

Добитник на повеќе први и втори места на меѓународни, балкански и домашни конкурси за поезија, меѓу кои 3та награда за песната „Преку езерото“, застапена во збирката „Млади поети“ за 2015 година и избрана за 10th Best New Poem (worldwide) за 2013 година.

Фондација Македоника, во соработка и со финансиска поддршка на „Меѓународниот фонд за промоција на културата“ на УНЕСКО, го објавува започнувањето на проектот „Воведување на младите талентирани автори во дигиталната издавачка индустрија“. Во период од 10 месеци, се очекува голем број млади и неафирмирани автори за прв пат да ги објават своите дела. Издавачката комисија на проектот ќе ги избере четриесетте најдобри што ќе бидат наградени со авторски хонорар.

По завршување на проектот УНЕСКО ќе ги промовира сите објавени дела во сите земји членки на Обединетите Нации.
Во рамките на дигиталната библиотека ќе биде организиран и социјален форум каде читателите ќе ги коментираат и оценуваат објавените текстови. Најдоброто дело на проектот ќе добие специјална награда во вредност од 1.000 USD.

Кога ќе се вратам ќе биде воено време

Кога ќе се вратам ќе биде воено време.
Ќе се повивате во ќебиња
ќе си го криете ликот
слободата ќе биде далеку
смртта близу
јас ќе бидам време.
Ќе ви цртам нови атласи
ќе го купам просторот
и во Вселената ќе пуштам музика
Ник Кејв ќе стигне и до мравјалниците.
Само зборовите пуштени по пошта и по ветар
ќе се слушаат
по твоето заминување.
Не кажувај никому.
Земјата е полна со семе.
Труло е времето
метаморфозата умре
индиго хартија носам во џебот
запалки крадам од продавниците
жените плачат само во филмовите
и книгите.
Не кажувај никому.
Нема слободни места во рајот.
Кога ќе се вратам, којзнае
можеби веќе нема да постоиме.

Save

Save

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top