Home / Мотивација / Како да ја отклучите сами сопствената среќа?

Како да ја отклучите сами сопствената среќа?

Да имате среќа може да значи многу работи – од тоа да најдете банкнота на патот до добивање на работата за која сте сонувале. Не може да ги промените законите на универзумот, но луѓето кои мислат дека се среќни, покажуваат одредени квалитети.

detelina

Има начин да го користите ова знаење во ваша корист и да ја отклучите среќата, тврдат од Lifehacker.

Во книгата Chase, Chance, and Creativity: The Lucky Art of Novelty, д-р Џејмс Остин пишува за четири вида среќа. Остин ја определува среќата како “непостојана и ненамерна шанса” и ја дели на четири типа:

Прв тип: “Сосема настрана и безлична, не може да и се влијае.”

Втор тип: “Активност поврзана со внесување на произволни идеи кои се соочуваат и мешаат, обликување нови комбинации. Вие ги собирате овие настани и создавате “среќни инциденти”. Тоа е од корист за луѓето кои пробуваат многу нови работи, бидејќи тие имаат можност да имаат повеќе обиди. Споредете го ова со научник во лабораторија, кој жестоко спроведува најразлични експерименти.

Трет тип: “Шансата ви дава тешко забележлив сигнал, потенцијалната можност постои, но тоа ќе биде одминато од повеќето луѓе. Единствено човекот кој има уникатна способност да набљудува, визуелизира и да разбере го целосно неговото значење може да ја открие. “Овој тип среќа е резултат од вашето знаење, меморија, надзор или од комбинацијата на идеи.

Четврти тип: “Овој вид среќа се развива кога пробувате нешто ново. Тој има карактеристичен вкус.”. Следете ги инстинктите и страстите. Вашите ставови, искуства во животот и начин на живот може да се комбинираат за да го отклучат овој тип среќа. Тоа е најретка и непредвидлив вид среќа.
Не може да оствариме директна контрола над ниту еден од овие типови среќа. Во основата на секој од нив стои една суштинска состојка: примерок на нови искуства и перцепцијата на нови идеи.

Следете ја интуицијата, искусете се себеси. Ако немате флексибилност во вашето хоби и можноста да барате нови сензации веројатноста да ја отклучите среќата е значително пониска.

Ние природно создаваме навики и рутина. Нема сомневање дека оваа уредност може да ја подигне нашата продуктивност. За да бидеме среќни, сепак, од време на време треба да се оттргнеме од оваа рутина. Може да увидете дека за да ја отклучите вашата среќа мора да ја напуштите зоната на удобност.

djetelina-4-lista-620x381

Професорот по психологија Ричард Вајсман пишува за британскиот “Телеграф”:

“Луѓето кои немаат среќа, често се подредени, луѓе на рутината. Тие имаат тенденција да користат ист пат до работа и да зборуваат со истите луѓе на прославите. Од друга страна, среќници се оние кои сакаат да имаат разновидност во својот живот. На пример, еден човек раскажа како си размислувал за одредена боја пред да отиде на забава и потоа се запознал со луѓето кои биле облечени во истата боја. Овој вид носи зголемување на вашите можности преку воведувањето на различни начини.”

Разговарајте со непознати луѓе. Прочитајте списание што не сте го читале до сега. Пробајте нова продавница или ресторан. Ако имате слободен ден, излезете на отворено. Посетете социјални настани кои се невообичаени за вас. Ќе осознаете дека оваа тактика може да е корисна дури и за вашата кариера, бидејќи таа е под влијание на тоа кој познавате.

Веројатноста ја определува среќата. Ако не инвестирате, нема како да заработите. Авторот Франс Јохансон ја споредува среќата со обложување во својата книга: The Click Moment: Seizing Opportunity in an Unpredictable World. Тој нуди правење на мали, насочени облози за да може да го доживее чувството познато како добра среќа.

“Прашањето е што може да користите од сето тоа. Која е мерната единица? Страста е одговорот. Страста ви помага да дознаете до каде сте подготвени да стигнете. Во свет во кој успехот е во голема мера случаен избор, треба да правите повеќе залози или никогаш нема да успеете.”, вели Јохансон.

Среќата ви се отклучува кога ослободите место за неа. Создадете си повеќе флексибилен распоред, за да имате поголем простор за случајности. Оставете ја рутината и зоната на комфорот. Најдете место за разновидност во својот живот. Се е во веројатноста, па дури и кога сте во низа непријатни и несреќни случки, не го сфаќајте тоа премногу лично.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top