Home / Автомобили / Toyota се вклучува во развојот на летечки автомобил

Toyota се вклучува во развојот на летечки автомобил

Јапонскиот гигант Toyota објави дека ќе поддржи тим инженери кои развиваат летечки автомобил.

Компанијата ќе даде 40 милиони јени (352,4 илјади долари) на стартапот Cartivator чија лабораторија е блиску до седиштето на Toyota во централна Јапонија.

gettyimages-649708936

Изданието Nikkei Asian Review истакнува дека за проектот Skydrive досега е познато само дека ја користи технологијата на дроновите и дека ќе има три тркала и четири ротори.

30-те инженери кои го развиваат прототип, се надеваат дека тој ќе почне да лета за време на Токиската летна Олимпијада во 2020 година.

Стартапот Skydrive открива дека освен што димензиите на автомобилот се 2,9 на 1,3 метри, таа ќе биде најмалата летечка машина. Се очекува да лета на висина од 10 метри со брзина од 100 километри на час.

Тимови во Холандија, Кина, Германија и САД исто така развиваат свои прототипови за летечки автомобили.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top