Home / Бизнис / 4 причини да се ангажираат млади при нови вработувања

4 причини да се ангажираат млади при нови вработувања

Голем број истражувања покажуваат дека невработеноста кај младите во речиси целиот свет е на највисоко ниво од Втората светска војна наваму. Според согледувањата на компании кои се занимаваат со вработување, за време на кризата на пазарот на трудот, резултатот се променил драматично.

shutterstock_453840724

Во последните години се забележува тренд, според која постари, висококвалификувани луѓе бараат работа, која претходно била извршувана од младите. Секако, работодавачите избираат квалификувани кадри наместо млади, што создава сериозна криза на пазарот на труд за младите луѓе.

Многу експерти предупредуваат дека таквата стратегија крие ризик, бидејќи младите апсорбираат полесно знаење и се справуваат повешто со постојаниот развојот на технологиите, од постарите. Токму овие вештини би биле доста вредни за компанијата во иднина.

“Во прилог на финансиските придобивки вработувањето може да обезбеди шанса на младите луѓе да се здобијат со специфични професионални вештини и поширок спектар на способности како комуникација, тимска работа и решавање на проблеми”, се вели во најновиот извештај на Brookings Institution.

За сопствениците на мали бизниси вработувањето на младите може да има неколку предности, меѓу кои:

1. Пониски плати, помалку дополнителни пакети/ понуди. Бидејќи голем дел од младите работат со скратено работно време – и тоа може да е нивната прва работа – тие можат да се задоволат и со работа на минимална плата, која им нуди флексибилен распоред и можност да асимилираат некои вештини. Често младите, особено оние на возраст до 21 години, не им се потребни никакви приходи кои постарите работници ги очекуваат.

2. Свежа перспектива. Многу бизниси можат да имаат корист од ангажирање на Gen Z ( “генерацијата на интернет”) вработени кои гледаат на светот од многу различни гледни точки, за разлика од постарите генерации.

3. Даночни кредити. Некои држави нудат на работодавците даночни кредити при вработување на млади работници. Њујорк пример неодамна ја прошири прифатливоста за својот даночен кредит за вработување на работници на возраст од 16 до 24. Има и специјални даночни олеснувања за сопствениците на претпријатијата кои ги вработуваат своите деца.

4. Способност да направат впечаток. Помладите кадри немаат формирано навики, особено работни, во степенот, пропорционален со постарите колеги, кои имаат повеќе искуство. Ова им дава на работодавците подобра можност да ги обучуваат луѓето на методите и практиките кои се валидни за нивните компании. На деловната етика во која тие самите веруваат.

Кели Спорс за OpenForum

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top