Home / PR / Морничава реклама потсетува за опасната страна на социјалните мрежи

Морничава реклама потсетува за опасната страна на социјалните мрежи

Рекламната агенција Y & R Мексико ја создаде оваа незаборавна видео реклама со која успеа да го привлече меѓународното внимание кон проблем кој влијае на сите засегнати страни во светот.

3aa_383

Спотот е изработен за мобилниот оператор Movistar и е наречен “Love Story”. Започнува со романтична приказна за девојка и момче на училишна возраст кои се допаѓаат меѓусебно и си договараат средба за комуникација, но завршува вознемирувачки за гледачот и ја брише насмевката од лицето.

Видеото потсетува дека во социјалните мрежи постојат над 150 милиони лажни профили на луѓе кои се претставуваат како едни, а всушност се сосема други. Тоа е опасно за децата.

За да смират застрашувачкиот ефект на крајот, сценаристите се одлучиле да покажат дека средбата конечно се случува меѓу двајца мажи со лажни профили (а не меѓу еден таков и дете).

Од Adweek забележуваат дека неслучајно видеото од 3 минути е изгледано од неговото објавување пред речиси една година 10 милиони пати – затоа што успева да допре до гледачот подлабоко, во личниот простор, во споредба со стандардните реклами, провокативните силни емоции и страв.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top