Home / online / Или си човек или не си!

Или си човек или не си!

Никогаш нема да наидете на човек кој е образовен, успешен и со многу други морални и етички квалитети, кој е свесен за тоа колку вреди, задоволен со тоа што е, да се пофали себе си, да има константна потреба да го истакнува истото и ги дели луѓето по местото на живеење, по материјален статус, по степен на образование и тн., а не по тоа колку некој вреди како човек.

stock-photo-100089219

„Ако при секоја пријателска услуга помислуваш на благодарност, тогаш не си подарил добрина, туку си продал.“ – Достоевски

Луѓето со комплекс на пониска вредност кога не успеваат да ги постигнат своите желби да бидат како некој кој им бил пример за успешност, се однесуваат како да се еднакви со него, ама суетата им е слаба страна.

Таквите луѓе понижуваат, дискриминираат, гледат од високо, зошто само ова им е начин да си ја нахранат суетата. Ако, не дај Боже некој се осмели да им ја предочи вистинската слика, ќе биде веднаш прозван, навредуван, искритикуван…

„Најдобрите луѓе имаат чувство за убавото, храброст да ризикуваат, дисциплина за да ја кажат вистината и капацитет за да се жртвуваат. Иронично е тоа што нивните доблести ги прават ранливи, па често се и уништени.“ - Ернест Хемингвеј

Затоа, единствено нешто што важи и функционира кај секој разумен е – ИЛИ СИ ЧОВЕК ИЛИ НЕ СИ!

Пишува: Д-р Љубинка Вета

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top