Home / Галерија / Уникатните дизајни на Marie Antoinette Fashion Atelier – Струмица

Уникатните дизајни на Marie Antoinette Fashion Atelier – Струмица

Marie Antoinette Fashion Atelier започна со работа пред неполни пет години како фамилијарен бизниз со голем ентузијазам и длабока посветеност, со страст за квалитет на самите фустани.

unnamed

Marie Antoinette Fashion Atelier е препознатлив по користењето на висок квалитет на ткаенини на самите дизајни. Во широкиот спектар на нивни понуди може да се најдат најубавите свечени тоалети или коктелни и венчални фустани во Струмица и пошироко. Како модно студио тие исто така изработуваат секаков вид на букети и аксесоари за најубавиот или како што би сакале младенците да кажат – специјален ден во животот.

unnamed (13)

Marie Antoinette Fashion Atelier на своите клиенти им нуди на дамите да го реализират својот фустан од соништата. Оваа магија тече низ креативниот процес со дизајнерите во ова модно студио, а досегашното искуство и соработка со огромен број на клиенти само докажува дека тие се на вистинскиот пат наскоро да ги осветлат и најпознатите европски и светски модни писти.

Работата на Marie Antoinette Fashion Atelier е уникатна, препознатлива, самиот тим кој стои позади овој бренд е отворен за консултација и соработка со секој потенцијален клиент, сѐ со цел дизајнтот кој е посакуван да биде креиран до совршенство. Во нивните дизајни можат да се видат комбинации од најубавите и ретки материјали, а кроевите се приказна сама по себе. Од рачно изработени детали, до прецизност во линијата, светлината и самата цел за која се наменети самите модни парчиња.

unnamed (7)

Модното студио Marie Antoinette Fashion Atelier од Струмица слободно можеме да кажеме дека ги диктира трендовите во овој дел од модната индустрија. Нивната работа вклучува раскош, племенитост, нежност, изразена женственост, без разлика дали сакате венчаници со драматичен грб, со долги ракави, спуштени раменици, бели венчаници со нијанси на нежно-сина/ сива боја или пак венчаница или фустан како оние кои ги носат најубавите принцези од нашите омилени бајки и приказни. Сите модели кои ќе ги најдете во сегашните и идните колекции на Antoinette Fashion Atelier од Струмица се подеднакво прекрасни, зависно од стилот кој невестата ќе го избере.

Некои венчаници се со строги линии, а некои ја следат силуетата. Дел од нив се од сатен, а дел од цветна тантела со особен модерен шмек во изработката на деталите.

unnamed (3)

Во продолжение погледнете ја галеријата со дел од нивната досега реализирана работа, а доколку сакате да видите уште повеќе проверете ја нивната Facebook страница.

Save

Save

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top