Home / Активизам / Претставување на проект за заштита на човековите права во Струмица

Претставување на проект за заштита на човековите права во Струмица

Во сабота, 20 мај 2017 година, тимот на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права ќе биде присутен во Струмица со цел граѓаните да се запознаат со активностите предвидени во проектот, со посебен фокус на бесплатната правна помош за жртви на повреди на човекови права, како и правното застапување пред домашни и меѓународни судови.

Human Rights Generic_0

Штандот ќе биде поставен на плоштад Гоце Делчев 12:00 до 15:00 часот.

Проектот на УСАИД за заштита на човековите права е програма која има цел да допринесе кон унапредување на заштитата на човековите права, како и на демократските вредности во Р. Македонија преку правна едукација, стратешко застапување и зајакнување на правни професионалци и граѓански организации. Проектот исто така има за цел да создаде тим на вешти правни професионалци оспособени да го предизвикаат правниот систем и изградат пракса за одбрана на човековите права и основните демократски вредности загарантирани со Уставот.

Преку програмата за практикантска работа проектот ќе им помогне на младите правници во идентификување и спречување на повреди на човековите права како и во обезбедување на заштита како дел од нивните професионални активности.

Овој проект е овозможен со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на проектот на УСАИД за заштита на човековите права.​

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top