Home / Активизам / Официјално отворање на детската програма „Креираме заедно“

Официјално отворање на детската програма „Креираме заедно“

„Скопје Филм Фестивал“ и „Здружението за поддршка на деца и млади со различности, Сината птица – Скопје“, со задоволство ве канат на официјалното отворање на детската програма „Креираме заедно“ во чие создавање  учествуваа и ученици со и без попреченост од инклузивните основни училишта од Скопје, Тетово и Струмица.

Unicef Pokana Strumica cor

Настанот ќе се одржи во сабота, на 20 мај, во 18 часот Дом на култура “Антон Панов“- Струмица.  На него ќе бидат промовирани  финалните продукти од проектот „Креираме заедно“ изложба на фотографи и видео записи што ги работеа и учениците од инклузивни училишта од  Струмица: „Сандо Масев“, „Никола Вапцаров“, „Видое Подгорец “и „Маршал Тито“.

По проекциите ќе следи дебата на тема „Креативноста – прозорец кон светот на различностите“ која ќе биде модерирана од Ѓорѓи Калајџиев. Говорници на дебатата ќе бидат: Aнче НиколоваТуфекчиева, Роза Мојсовска и Никола Пијанманов.

„Креираме заедно“ е дел од проектот  “Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инкузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“, финасиран од Европската Унија а ко-финасиран и спроведен од УНИЦЕФ.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top