Home / Инфо / Вања Изова Велева и Сузана Мицева дел од зборникот „Литературни искри“

Вања Изова Велева и Сузана Мицева дел од зборникот „Литературни искри“

Струмичките поетеси Вања Изова Велева и Сузана Мицева се дел од годишниот алманах на меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ кој годинава се одржа по четврти пат во Гостивар.

ппп

Тие се дел од зборникот во кој годинава се застапени вкупно 20 автори од Македонија и надвор. Со свеченост на која беа прогласени наградени поетите се заокружи четвртото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар. Гран при наградата заврши во рацете на Кристина Мерклер, родум од Гостивар, првото место и припадна на Фросина Тасевска од Штип, второто на Цветанка Колева од Кавадарци, а третото на Ирена Јурчева од Скопје.

За најдобар странски автор е прогласена Марина Јовановиќ од Србија, а за најуспешна млада искра, 18-годишната Ива Пуовиќ ос Скопје.

mkd-320965

Организаторот на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ е Центарот за култура „АСНОМ“ од Гостивар. Изборот го направи жирито во состав Вера Чорниј – Мешкова како претседател (поетеса, литературен критичар, член на ДПМ) и членовите м-р Јанко Билбилоски (Советник во Биро за развој на образование, автор на книги) и м-р Луан Зенки (ликовен уметник, директор на НУЦК „АСНОМ“).

Центарот за култура „АСНОМ“ од Гостивар го организира поетскиот фестивал во чест на 24 мај, Денот на сесловенските просветители.

Save

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top