Home / Инфо / Традиционална акција „Кочулски водопади“

Традиционална акција „Кочулски водопади“

Традиционално веќе неколку години ПАОК ЈУГ Валандово, ја одржува акцијата „Кочулски водопади“. Самата акција се организира за да се запознаат луѓето со природните убавини од околина на Валандово и прекрасните водопади.

п1

Секоја година учествуваат голем број планинари, рекреативци, љубители на природата од Валандово и од целата држава.

Оваа година акцијата започна од селото Башибос, па преку селото Кочули и Чамдаш Дере (Борова Река). Учесниците дојдоа до водопадите на оваа река кои ги има вкупно четири и до Разиграниот водопад кој е висок 28 метри.

п5

Името на овој водопад доаѓа од планинарите кои се чести посетители, а така го викаат поради слапестото паѓање на водата во 5 нивоа. После посетата на овие водопади групата движејќи се низ прекрасната природа на планината Беласица дојде до Калдрма Дере и до водопадите кои се наоѓаат на оваа река, а ги има три и до Ѓаволскиот водопад висок 17 метри.

Тука се направи поголема пауза, а потоа низ раселеното село Бајрамбос учесниците се вратија на почетната позиција. Вкупната должина на патеката е околу 12 километри, спаѓа во лесни патеки и можат да ја поминат и послабо физички подготвени луѓе.

Љубителите на природата имаа можност да уживаат во недопрената природа на западната падинска страна на планината Беласица, бројните водопади кои за жал сѐ уште се непознати за голем дел од населението.

Пишува: Глигорије Џилвиџиев

Save

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top