Home / Активизам / Повик за активисти: СТОП за рудникот на смртта во Иловица!

Повик за активисти: СТОП за рудникот на смртта во Иловица!

Почитувани пријатели и поддржувачи на иницијативата Спас за Струмичка Котлина – СТОП за рудникот на смртта во Иловица!

18119401_639282522947545_1106115111666579932_n

Изминува рокот од Прогласот што им го зададовме на локалните и државните институции за стопирање на рудникот Иловица-Штука. Од нивна страна нема никаква официјална реакција ниту навестување.

  • Тоа значи дека е време за акција!

Ги покануваме сите потенцијални активисти од Струмица и струмичко, сите кои сте заинтересирани за заштита на нашата преубава Котлина на прва работна средба (без медиуми). Знаеме дека ве има многу, бидејќи цело време не` контактиравте, но сега е време од зборови да преминеме на дела. Да се сретнеме, да се запознаеме и да се договориме како ќе го сопреме злокобниот рудник на смртта што ни виси над главите како Дамоклов меч. Без оглед на возраст, пол, образование, професија, верска, политичка или каква било друга припадност, имате право и слободни сте да дојдете и да го дадете вашиот придонес.

18034319_637019843173813_3008275819960083927_n

Референдумот секако е прва опција и во таа смисла ќе биде потребно да се извршат подготовки во сите насоки. Веруваме дека и досега спознавте, а би сакале уште еднаш да нагласиме дека нашата Иницијатива е исклучиво надполитичка и надпартиска, што значи дека никој не може да не` злоупотреби за теснопартиски интереси. Сите подеднакво сме во опасност и највисок заеднички интерес е сплотени да ја отстраниме таа опасност. Нашата борба е за сите подеднакво и само заедно можеме да го сопреме опасниот рудник. Ние сме слободни и рамноправни луѓе и такви ќе останемеме заедно со вас и вашата помош.

Првата средба ќе се одржи на 25.05.2017 (четврток) во 19:00 часот во Домот на АРМ во Струмица. Придружете се во борбата за нашата и за иднината на нашите поколенија.

НАШАТА КОТЛИНА Е НАШЕТО ЗЛАТО!
СТОП ЗА БЕЗДУШНИТЕ ПРОФИТЕРИ И ЕКСПЛОАТАТОРИ!
СТОП ЗА ТРОВЕЊЕТО СО ЦИЈАНИД!

СТОП ЗА РУДНИКОТ НА СМРТТА ИЛОВИЦА!

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top