Home / Колумни / СТАВ: Учебниците по историја и религија за осмо одделение да се сменат! 

СТАВ: Учебниците по историја и религија за осмо одделение да се сменат! 

Да се тргне една диктаторска националистичка влада од влаедачкото столче е само половина завршена работа!

Ова го сфатив пред неколку дена додека ги разгледував учебниците на неколку ученици од шесто одделение. Што да ви кажам друго освен — Косата ми се крена (а имам долга коса). Веќе извесно време колвам и кукам за неверојатно моќната пропагандна машинерија која се разви во Македонија на чело со Сител телевизија.

1 BkglyXeF7vttq279MA1rDA

  • А што да кажеме со учебниците од кои учат нашите најмали?

Се ежам од пропагандната активност со која се преплавени нашите возрасни граѓани, а сосема ја изоставив пропагандата со која се преплавени нашите најмлади во училишните клупи. Курикулумот кои ги опфаќа општествените науки во нашите основни училишта е буквално да ти замрзне крвта. За делот со природните науки, не сум подобен да коментирам и оставам на друг.

Двата модули кои заслужуваат итно внимание и интервенција би биле Историја и Религија!

Историја — бидејќи нашите учебници по историја треба од корен да бидат променети;

Религија — бидејќи ваков предмет воопшто не треба да изучуван од учениците во основно образование;

Ајде да започнеме со учебникот по историја. Едно отварање на учебникот и одма налетуваме на ова!

кк

  • Па зарем е ова можно!?

Па зарем креаторите на учебников можат да се наречат себеси вистински академски граѓани? Или националисти со тетовирани гради? Оти само уште ова би им фалело. Сликата погоре, па и целиот учебник е тотална катастрофа поради следново:

Зборува за Македонија како држава

Според нашиот учебник по Историја, Македонската држава е стара повеќе од 2000 години, уште за времето кога батето Аце се мечувал по Мала Азија. Што не е вистина. Македонската држава е стара точно 26/7 години. Беше основана во 1991 година. Пред тоа немаше Македонска држава. Имаше само Македонски народ.

Пред да ми скокнете по прозори со камења да се разбереме нешто. Мора еднаш засекогаш да разбереме што е држава. Држава е правен договор. Повторувам уште еднаш — Правен договор. Правен договор кој дефинира одредена територија под одредени географски граници. Државата не е емотивен, ниту пак патриотски феномен.

Ако е тоа така, тогаш учебникот би бил далеку поисправен доколку би бил наречен Историја на Македонскиот народ”, а самото поглавје погоре на сликата да би било нареченоМакедонскиот народ во стариот век”.

Дали сега разбираме зошто си имаме билатерални проблеми со Грција? Поради тоа што мешаме народ и држава, а двете се различни работи.

Ако говориме за Македонија во стариот век, тогаш според дефиниција за држава, Македонија треба да си ја бара не само географската територија што и е земена од Грција туку и сите останати територии се до Индија и Северна Африка. А дали тоа има логика?

Знаете зошто во подалечната историја, па и во поблиската не постоеше такво нешто наречена држава?

Поради тоа што државата е правен договор — плус компромис со другите народи. Ова значи следново — Еј, јас од сега па натаму формирам држава. Досега вакво нешто немало. Е што е ова држава? Е, држава е договор во кој викам дека јас и сите оние кои се декларираат под ист идентитет како мојот ќе ја зафаќаат оваа географска територија и другите ќе го потврдат тоа преку актот наречен признавање. Е тоа е државата. Во минатото, ти зафати си која сакаш територија, но соседот слободно можеше да те нападне и да те избрка од таа територија.

Но ова не е случај со креацијата наречена држава. Во моментот кога формираш држава, ти формираш правен договор кој го соделуваш и консултираш со другите народи. Со тоа што другите народи го признаваат те.е ја признаваат државата, тие истовремено ветуваат дека нема да има напади врз твојата држава.

Е кога било тоа така? Никогаш. Затоа велиме дека државата е модерна општествена креација, производ на модерната цивилизација. Порано не постоеја држави, па затоа секој како ќе му падне му се џиткаше на другиот и му правеше војна.

  • Појасно е сега?

Значи уште еднаш — Држава (наречена Македонија) е едно, а Македонски народ е друго.

А што со учебниците по Веронаука и Религија?

Што да кажам. Освен ако не сакаме да зачекориме кон нивото на земји како Саудиска Арабија, не гледам причина зошто воопшто би постоеле такви наставни програми.

И не само тоа. Овде повторно гледам проблеми со правилното именување на учебникот, па и самиот предмет.

ккк

Според нашите учебници по религија, религијата е ова. Со други зборови под религијата се подразбираат приказни. Баш така. Приказни. Која би била разликата меѓу приказната за Ѓорги Колозов и за Исус Христос? Никаква. Која би била разликата меѓу Снежана и 7-те Џуџиња и Мојсеј? Никаква. Кога ќе видиш подобро, и двете се приказни. И двете се ментални проекции. Ниту една од двете не може да биде квантифицирана сега, овде пред тебе.

Тогаш зошто тогаш едното се нарекува, приказна, или бајка, а другото се нарекува религија?

Учебникот наречен Религија е полн со материјал кој најблаго би бил категоризиран како суеверие, а најостро како пропаганда. Ако сметаат нашите таканаречени просветители дека ваквата содржина е потребна во интелектуалниот развој на детето, тогаш бујрум, нека тераат.

Но, барем да го именуваат учебникот исправно како Приказни, или Историја на религиозните приказни.

Е ова би имало далеку поголема смисла — „Историја на религиозните приказни”, „Преглед на Религиозни приказни”, или само „Религиозни приказни“.

Срамота за нас како народ. Како родители. Срамота што имаме нешто наречено Македонска Академија на науките. Срамота сме за пред светот, што уште не сме разбрале, што е што. И под итно да се тргнат симболите од типот на оние кои ги гледаме погоре на сликата.

Симболите се опасна работа. Симболите се орудие за пристап до потсвесниот ум на индивидуата и поради тоа не треба да му бидат презентирани на човек се до возраста до која може да се разедини себеси од емоцијата која може да му ја предизвика одреден симбол во моментот кога ќе го види.

Ниту распетија, ниту Давидови Ѕвезди, ни ништо. Нам возрасните пропаднатите ни се потребни тие работи, не на децата кои се способни да гледаат радост во се. Доста веќе со тие наши тенденции да ги претвараме своите деца во бледи копии од самите нас. Доста со нашата упорност да им го пренесеме несовршениот свет, несовршената реалност, туку да ги оставиме самите да си ја развијат субјективната реалност која ним им одговорара.

Знаете ли ние каква штета му правиме на детскиот ум што го присилуваме да се занимава со работи кои не може да ги види?

Детскиот ум е далеку поразличен од нашиот и со добра причина. Детето не е во способност да држи две конфликтни верувања истовремено. Детето верува само во она што може да го види. Ако може да го види значи е реално и поради тоа детето нема потреба од нештото наречено верба, за разлика од нас возрасните.

Од мене толку. Ако сакате иднина во оваа земја, под итно да почнете со ревизија на образованието и настанвите програми.

Или повлечете си ги децата од училиштата ако стварно сте загрижени за нив. Тргнете ги од таа лажна пропаганда, од таа гилотина на која се ставени.

За Strumica Online пишува: Блаже Аризанов (@kaspian)

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top