Home / PR / Конференција: Предизвици на транзицијата на семејните бизниси

Конференција: Предизвици на транзицијата на семејните бизниси

Како е да се работи во семејна компанија или дали е лесно да се работи во семејна компанија?

Семејните компании се темел на глобалната економија. Тие инвестираат на подолг рок и ја поддржуваат нивната заедница и вработени. Нивните амбиции, флексибилност, поттик и знаење ги става во витална и цврста позиција да просперираат и растат. Но, овие бизниси се соочуваат со дополнителни предизвици кои произлегуваат не само од работењето, туку и од комплицираните семејни односи.

unnamed

Овие предизвици ги обработува Конференцијата за семејни бизниси, во организација на Клиар Вју Бизнис Тренинг Центар, која ќе се оддржи на 31 мај во Бизнис салата на Скопски саем.

Оваа година на конференцијата ќе се зборува на нови три теми:

  1. Најголемата болка на наследниците – Како да го преземат лидерството во компанијата и да воспостават авторитет?
  2. Корпоративно управување во семејни компании
  3. Што треба, а што не треба да се преземе од светските практики на трансфер на сопствеништвото?

Темите разработени на конференцијата ќе одговорат на следните прашања: 

  • Како вработените да Ве прифатат како новиот лидер на компанијата?
  • Како да ја уверите претходната генерација дека Вашиот лидерски стил кој е различен од нивниот ќе ја води компанијата во успешна насока?
  • Како да го добиете признанието од претходната генерација дека сте способни да го водите бизнисот?
  • Како да го поведете бизнисот во нова или различна насока, а притоа да ги почитувате достигнувањата на претходната генерација?
  • Дали светските практики на транзиција кај семејни компании кои постојат 200 години се применливи во македонските компании кои постојат само 20 години?
  • Од каде да почнете да работите на уредувањето на односите во Вашата семејна компанија?
  • Кога всушност е соодветно време за малите и средни семејни компании да почнат да размислуваат за управување?
  • Како корпоративното управување ќе ви помогне да ги надминете слабостите кои се карактеристични за семејните бизниси, како што се: неформалните односи, недостатокот на дисциплина и комплексната управувачка структура?
  • Како да ја максимизирате користа од семејното сопствеништво?
  • Како успешно да ги надминете предизвиците кои ги носи растот на компанијата и истовремено таа да остане одржлива?

unnamed (1)

 Говорници на конференцијата се:

  • г. Борис Вукиќ, сениор Adizesконсултант, експерт за семејни бизниси и
  • г. Алексеј Волнец, офицер за корпоративно управување во департманот за управување за животна средина и за социјални прашања во Меѓународната Финансиска Корпорација (ИФЦ), дел од Групацијата на Светската банка во Вашингтон, САД. Негова специјалност се дизајнирање и испорака на тренинг програми за градење на капацитетите на раководните лица за управување со мали и средни претпријатија.

Освен предавачите, на конференцијата ќе имате можност да го чуете и искуствата на неколку панелисти, успешни македонски бизнисмени кои доаѓаат од семејни компании:

-          г. Сашко Самрџиоски од Прилепска Пиварница

-          г. Виктор Петков од Випро

-          г. Анатол Кутревски од Пекабеско

-          г-а Ирена Јакимовска од Комфи Ангел

-          г-а Фросина Мешкова од Свисслион

-          г. Иван Новаковски од Меѓународното училиште НОВА

-          г. Горан Ѓорѓиоски од Специјал

-          г. Александар Саздов од Издавачки Центар ТРИ

 

Не ја пропуштајте единствената Конференција за семејни бизниси во Македонија.

 

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top