Home / Култура / Поетот Митко Гогов успешно ја претстави Македонија во Белорусија

Поетот Митко Гогов успешно ја претстави Македонија во Белорусија

Во рамките на IV Меѓународен поетско-музички фестивал „Словенески венец“ 2017 (IV Международный литературно-музыкальный фестиваль „Славянскi вянок“ 2017), кој се одржа во градот Бреза, во Белорусија, поетот Митко Гогов беше единствениот претставник кој ја претстави Република Македонија меѓу деветте држави во кои се користи кирилицата како официјален јазик.

imgonlinecomuacompresseduxsjukfq19cdf

Од директорот на центарот за култура во г. Бреза, од организаторот на самиот фестивал и целата публика и учесници Гогов прими огромен број на честитки за неговиот настап и неговото претставување на Македонија, како и официјална диплома за неговото учество и претставување на државата на овој исклучително важен настан за самиот град и Белорусија.

here1

„Да се биде единствен учесник и претставник на Македонија на ваков огромен фестивал за мене е особено важно, но од друга страна и чувствував голема одговорност мојата поезија и нашата држава да се претстават во најдобро светло. Голема благодарност до Марина Куновски која работеше на препевод на моите стихови на руски јазик, што многу помогна самата публика со огромен аплауз да го прифати и поздрави мојот настап. Голем поздрав и до моите пријатели и колеги од Врање, Србија со кои освен патувањето, споделив моменти кои никогаш нема да ги заборавам, и секако до самиот организатор на фестивалот Леонид Гречко и директорот на институцијата домаќин, Јури Костенко“ – вели Митко Гогов.

Главен спонзор на манифестацијата е една од најважните млечни компании во Белорусија (cheese.by), а сите претставници освен што имаа можност да го пробаат нивното сирење имаа прилика да презентираат дел од она што се произведува во државите од кои доаѓаат.

evo

Самиот концепт на програмата е преку музика, танци и поезија да се претстават самите земји учеснички, а со тоа и да се види дека јазикот е она што е основа, јадро за продолжување на соработката и една од основните алки за спојување на сите овие земји. На манифестацијата имаше учесници од Белорусија, Русија, Украина, Полска, Србија, Чешка, Словачка, Македонија и Бугарија.

Ова е своевидна сесловенска манифестација која ветува многу за одржување на мисијата на св. Кирил и Методи – кирилицата да продолжи да ги обединува државите кои ја сметаат за своја.

Исто така, тој настапи и на петтото издание на поетската манифестација „Стихија“ 5 во Врање, Србија.

19389799_10213080881839539_1207460819_n

Save

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top