Home / Инфо / Гласајте за македонскиот тим „Animove“ за #youforG20 во Германија

Гласајте за македонскиот тим „Animove“ за #youforG20 во Германија

Тимот „Animove“ од Македонија се обидува да влезе во петте финалисти на глобалниот натпревар #youforG20 во Германија, и е единствен македонски учесник.

про

Проектот со кој се претставуваат е поврзан со биодиверзитетот во Македонија и светот, спречување на понатамошно изумирање на различни загрозени организми. Тие обработија два светски загрозени организми кои ги имаме во Македонија, Египетскиот мршојадец во Демир Капија и Европската јагула во Охрид.

Како решение нудат веб апликација која ќе биде еколошка социјална мрежа и ќе содржи податоци, мапи, локација на живеалиштата, ресурси на храна, траекторијата на миграција на различни загрозени организми. Целта е да содржи информации за сите загрозени организми во светот и со тоа да биде алатка на сите граѓани како и научници. Со тоа ќе се има пристап на сите податоци на едно место, и жителите во светот ќе можат да се информираат за загрозените организми кои живеат во или околу нивните градови и како можат да помогнат.

Вториот дел од решението е Динамо GPS локатор за различни птици и риби, кој научниците, еколошките друштва ќе можат да ги користат за следење на организмите и со тоа да дојдат до причинит за нивното изумирање. Локаторот ќе се напојува од движењето на организмите, крилјата кај птиците и перките кај рибите.

Гласајте за нивнот проект на следниов линк, се гласа со лајк на проектот,  а ,ожете да се запознаете повеќе  за нивнот проект на следново видео.

 

Save

Save

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top