Home / Афоризам / Промоција: „Влакно во јајцето“ на Ацо Ѓоргиев

Промоција: „Влакно во јајцето“ на Ацо Ѓоргиев

Во вторник, 04 јули 2017 година во 20:00 часот, во Дом на АРМ ќе се одржи промоцијата на втората збирка афоризми на Ацо Ѓоргиев – „Влакно во јајцето“.

19554445_10209574567860738_6192689719963913172_n

Ацо Ѓоргиев е роден 1970 година, автор е на две книги афоризми и е познат на струмичката публика со неговите афоризми, тој со сета силина на афоризмот како книжевен вид сурово ја отсликува реалноста на сегашното време. Тој е многу благодарен што на време сфатил дека не постои човек кој не „бара влакно во јајцето“, бидејќи секој човек има неколку добри особини и голем број мани. Дали е тоа вистина времето ќе покаже. Промотор е Ана Витанова Рингачева, издавач е ЛУБ “Благој Јанков Мучето”, рецитатори ќе бидат: Мариета Дукиќ, Сузана Мицева, Ице Беличев и Зоре Ѓоргиева, а конференсије ќе биде Ѓорги Калајџиев.

Пишува поезија и проза уште од средношколските денови, а неговите дела гласно докажуваат дека тој има развиено сенс, чувство, осет за создавање на креативна слика исполнета со суптилна сатира која ја отсликува колективната свест на граѓаните, менталитетот, начинот на живеење и перцепирање.

Ацо Ѓоргиев брилијантното ги искористува народните поговорки и филозофски мисли и од нив прави афоризми кои се далеку подиректни и посилни.

Save

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top