Home / Инфо / Промоција на книгата „Мојот професор пророк“

Промоција на книгата „Мојот професор пророк“

Во просториите на НУЦК „Антон Панов“ Струмица во среда, со почеток од 20:00 часот ќе се одржи промоција на книгата „Мојот професор пророк“ од проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ.

promocija

Промотор на книгата ќе биде д-р Ана Витанова Рингачева, рецитатори Сузана Мицева, Мариета Дукиќ и Ице Беличев, додека модератор на настанот ќе биде Ѓорги Калајџиев. Рецензенти на книгата се проф. д-р Димитар Пандев и академик Виктор Фридман.

Книгата „Мојот професор пророк“ е сосема поинакво сведоштво за Блаже Конески од се` што досега е пишувано за него, а пишувано е доста како во македонската, така и во светската наука. Пред нас како читатели, како да воскреснува ликот на Блаже Конески, толку нов, толку присутен. И колку повеќе читаме за него, толку повеќе се соочуваме со вистината колку малку знаеме за човекот кој ја задолжи македонистиката векови нанапред, а поезијата ни ја остави како аманет, да не заборавиме од каде тврдоглаво тргнавме и до каде мислиме да стигнеме.

Секое ново сведоштво за Конески, нам ние ни е бесценето, бидејќи во секој нов збор кажан за него, ние откриваме нов атом од неверојатната енергија што тој ја носел во себе. Книгата е во целост посветена на „научникот, поетот, човекот со природни и со пророчки дарби“ и на крајот книга посветена на „Џентлменот/Џинот од Небрегово“. Мислата на Конески особено доби на актуелност, а неговите стихови гласно се изговараа во моментите кога како народ пропаднавме во бездната на себепронаоѓањето, кога почнавме да ги шепотиме стиховите на Блаже како молитва и надеж за убаво утре.

Додека ја читате книгата, чувствувате некаква необјаснива леснотија со која течат разговорите меѓу Вера и Блаже, а останатите кои се спомнуваат (а станува збор за големи авторитети во науката) како да се тука за да ја потврдат тезата дека, сепак Конески, гледал подалеку од своите современици. Човекот големина кој бил во друштво со авторитети како Р.Јакобсон, Чомски, Михаил Арнаудов, Виноградов знаел, сето свое насобрано животно и професионално искуство да го преточи во мудрост, која пак ќе им биде патоказ на сите оние кои во еден даден момент се прекршуваат одвнатре.

Многу внимателно и со одбрани зборови проф.Антиќ го портретира Конески, како да сака да му возврати да сето негово трпение, посветеност и искреност кон неа, но и воопшто кон македонистиката и неговата голема потреба, поезијата. Затоа можеби и книгата е така концепирана, преку разговорите пред читателот се појавува ликот на Конески со сета своја спонтаност, одмереност, со сите доблести и мани, тука е потесниот избор од неговата поезија и толкувањето на нејзините пораки од страна на професорката и на крајот текстовите за и од Блаже Конески.

И како кога се спомнува името на Блаже Конески, како да не ве покори чувството на гордост и стравопочит, како да не стоиме простум пред ликот на авторот на првата македонска граматика, првата историја на македонскиот јазик, правописот и речникот, на поезијата над сите поезии.

Извадок од промотивната реч на д-р Ана Витанова Рингачева

Save

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top