Home / Забава / Revolution фестивал со врвни техно артисти по втор пат

Revolution фестивал со врвни техно артисти по втор пат

Фестивалот Revolution втора година по ред ги носи едни од најдобрите артисти на елекронската техно сцена, како во земјата така и на Балканот.

Grafika Revolution Festival

Во петок главната улога на сцената ќе ја има Aleksandra Duende која ни доаѓа од Белград, додека во сабота зад диџеј пултот ќе застанат легендарното бугарско техно дуо и основачи на издавачката куќа Renesanz, Balthazar & JackRock, кои со својот препознатлив стил се наметнаа како едни од водечките артисти на техно сцената.

Како локална поддршка на 4-ти август (петок) ќе настапат Radnaskell & Chaky и Pata Pata Recordings (Ted Dettman, Sal Sonder, HAAJ), најпродуктивна платформа за издавање на електронска музика, која преку своите изданија и уникатни звуци се наметнува и на интернационалната сцена.

Зад пултот на 5-ти август (сабота) ќe застанат James, Articulatee и за крај во b2b битка добро познатите Nennat Omen & Ninno Mancini.

Блок билетите за фестивалот се пуштени во претпродажба од 27.06.2017 и тоа во Sub Club Струмица, пицерија Hermosa и Лебедово езеро по цена од 300 денари.

Локацијата на фестивалот ќе биде на тениските игралишта во Ново Село.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top