Home / Живот / Свечено отворање на „Струмица Опен Фест“ – 2017

Свечено отворање на „Струмица Опен Фест“ – 2017

Шестото издание на Струмица ОПЕН фестивал – #направеносољубов започнува денес, 3 август на струмичкото корзо. Првата од шестте отворени фестивалски сцени ќе биде поставена пред ЛУ Библиотеката „Благој Јанков – Мучето“.

event-otvoranje

Фестивалот ќе биде отворен во 21:00 часот со свеченост на која ќе бидат откриени муралите на ликовните уметници Никола Пијанманов и Ване Костуранов.

„Прекрасните мурали ќе го красат лицето на Библиотеката и ќе бидат нов белег не само на зградата туку и на струмичкото корзо“, велат организаторите од Здружението „Културен забавен живот“.

Фото: Никола Пијанманов

Фото: Никола Пијанманов

Отворањето ќе биде збогатено со улични уметници и перформанс на бендот Contact 59. Во текот на вечерта ќе бидат прогласени и добитниците на наградите во четирите категории од ФОТО-конкурсот за Струмица во склоп на Струмица ОПЕН фестивал.

Програмата продолжува со настап на Паркети и Sakis Dovolis од 22:00 часот на Леблебиџиска улица.

Save

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top